Илиница - Еленица — археолошко наоѓалиште во радовишкото село Габревци. Претставува средновековна населба.

На 1 км северозападно од селото се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси, а при обработувањето на земјиштето се наоѓани и монети. Има мали индиции и за постоење на населба од железното време.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 325, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано

Габревци; Список на археолошки наоѓалишта во Радовишко.

Наводи