Марко Маринковиќ (роден на 6 јануари 1994 година) е српски професионален фудбалер кој игра на позизија централен бек за екипата на Будуќност од Добановци.

Клупска кариера

Црвена ѕвезда од Белград Марко е роден во градот Ужице и ја поминал младинската академија во екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Во текот на времето поминато под договор со тимот, Маринковиќ не одиграл ниту еден официјален натпревар за составот на Црвена ѕвезда од Белград. Тој го раскинал договорот во летото 2016 година.

Откако ги поминал сите млади категории, Маринковиќ бил позајмен во клубот од Сопот за сезоната 2012–13, заедно со соиграчот Дарко Лазиќ и со некои други играчи од младинскиот погон на составот на Црвена ѕвезда од Белград. До крајот на сезоната одиграл вкупно 15 натпревари и постигнал 2 гола.

Во летото 2013 година, тој се вратил од позајмицата помината во составот на Сопот и бил во првиот тим на почетокот на сезоната 2013-14. Двата натпревари во квалификациите за Лигата на Европа 2013–14 на УЕФА против екипата на ИБВ, тој го поминал седејќи на клупата. Маринковиќ, подоцна бил испратен во екипата на Смедерево, повторно како позајмен играч. За клубот на Смедерево одиграл 17 натпревари во Првата лига и еден натпревар од купот, оној против составот на Чукарички.

За сезоната 2014-15, Маринковиќ билк позајмен на екипата на Синѓелиќ од Белград. Таму одиграл 28 натпревари во Првата лига од кои дури 27 како стартер. Во текот на тие 27 натпревари еднаш бил заменет. Со тимот имал одиграно и еден натпревар од купот, оној против составот на Слобода од Ужице. Маринковиќ постигнал два гола, едниот против екипата на Бежанија во 1 коло и вториот против екипата на Слога од Краљево во 14 коло. Сите тие натпревари биле во составот на Првата српска лига. Откако соиграчот Урош Мирковиќ се преселил во екипата на Доњи Срем за време на зимската пауза, Маринковиќ станал капитен за време на втората полусезона.

Играчите Живковиќ и Маринковиќ подоцна на почетокот на 2015–16 биле испратени како позајмени играчи во екипата на Спартак од Суботица. Централниот бек првиот официјален натпревар за екипата на Спартак Суботица го имал на 1 август 2015 година, на третиот натпревар од српската Суперлига, против составот на Младост од Лучани. По само 5 натпревари за екипата на Спартак, тој се вратил во Белград.

БСК од Борча На почетокот на 2016 година, Марко Маринковиќ се пресели во составот на БСК од Борча, и тоа со статус како позајмен играч. Натпреварот против екипата на Лозница го започнал во тандем со соиграчот Александар Цветковиќ. Во 61 минута од тој натпревар, Маринковиќ добил црвен картон. Претходно, на истиот натпревар, на почетокот од второто полувреме постигнал гол за својата екипа. Откако пропуштил неколку натпревари за екипата, тој се вратил повторно во составот. Марко Маринковиќ постигнал голови за победи на својот тим против екипите на ЧСК Челарево во 25 коло и Напредак од Крушевац во 29 коло. Тоа биле натпревари од Првата српска лига. Во текот на пролетната половина од сезоната 2015–16, Маринковиќ одиграл вкупно 11 лигашки натпревари за екипата на БСК од Борча.

Маринковиќ во екипата на БСК од Борча во Српската прва лига 2016–17 останал и по раскинувањето на договорот со екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Подоцна, во текот на првата половина од истата сезона, тој се појавил во куп натпревар против неговиот поранешен клуб.

Борац од Чачак На 23 јануари 2017 година, Маринковиќ потпишал договор со важност од 2 години со екипата на Борац од Чачак.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиЦрвена ѕвезда од Белград2012–13Суперлига00———002013–14000000—002014–150000——002015–16000000—00Вкупно000000—00Сопот2012–13 (како позајмен играч)Лига на Белград152———152Смедерево2013–14 (како позајмен играч)Прва Лига17010——180Синѓелиќ од Белград2014–15 (како позајмен играч)Прва Лига28210——292Спартак од Суботица2015–16 (како позајмен играч)Суперлига5000——50БСК од Борча2015–16 (како позајмен играч)Прва Лига113———1132016–1713020——150Вкупно24320——263Борац од Чачак2016–17Суперлига9010——1002017–180000——00Вкупно9000——100Вкупно во кариерата9875000—1037

Наводи

Надворешни врски

Статистика на Марко Маринковиќ на utakmica.rs (на српски)

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година