Лазар Татиќ (роден на 1 април 1994 година) — српски фудбалер, кој настапува на позицијата голман. Моментално тој ги брани боите на ФК Будуќност од Добановци.

Клупска кариера

Слога од Краљево Со потекло од Трстеник, Лазар Татиќ е роден во Краљево. Својата фудбалска кариера ја започнал во локалниот клуб Слога од Краљево. Откако си заминал претходниот голман, Татиќ му се приклучил на првиот тим за младинската екипа во втората половина на сезоната 2011–12. Откако голманот Александар Божовиќ се повредил, а Михајло Пантовиќ на извесен период си заминал од клубот, Татиќ неколку пати бил во протоколот и тоа како резервен голман на првиот избор. На почетокот на новата сезона, Александар Божовиќ постепено се опоравувал од повредата и се вратил на голот по само 7 натпревари од почетокот на сезоната. Немања Настиќ го напуштил клубот за време на зимската пауза, а екипата на Слога потпишала со поискусниот голман Бојан Шејиќ, па Лазар Татиќ останал како трет избор. Тој бил во младинскиот тим до крајот на сезоната 2012-13 заедно со Владан Грбовиќ, кој бил две години помлад натпреварувач. Напуштајќи ја младинската екипа, Лазар Татиќ станал конкурент на двајца постари колеги, на Божовиќ и на Шејиќ. Во првата половина од сезоната 2013–14 тој настапувал само на пријателски натпревари, па раководството на клубот и тренерот Вељко Доведан решиле да го испратат како позајмен играч во некој од клубовите за да стекне повеќе искуство. Во зимската пауза, надвор од сезоната, како млад голман, Татиќ се преселил во екипата на БАСК, и тоа како позајмен играч. Играјќи за составот на БАСК, Татиќ настапил на 4 натпревари во српската лига на Белград. За сезоната 2014–15, екипата на Слога решила да им даде шанса на играчите кои пораснале во младинската академија, а Лазар Татиќ се вратил од тимот во кој бил даден како позајмен играч. Најдолг период минал како резерва на капитенот Александар Божовиќ. Во меѓувреме одиграл 2 првенствени натпревари, едниот против екипата на Радник од Сурдулица, а другиот против составот на Инѓија и 1 куп натпревар против тимот на Вождовац. Во пролетната половина од сезоната 2014–15, Лазар Татиќ настапувал во екипата на Колубара. Во новиот клуб бил трет избор на голманската позиција, по Урош Матиќ и Ненад Ранковиќ. За екипата настапил на последниот натпревар од лигашкиот дел против составот на Инѓија.

Јагодина Лазар Татиќ во летото 2015 година ѝ се приклучил на екипата на Јагодина. Ја започнал сезоната 2015–16 како резервна опција за првиот голман Ѓорѓе Николиќ. Својот прв натпревар во Суперлигата, го имал на 23 септември 2015 година, на натпреварот против составот на Војводина. На наредните два натпревари бил поставен на голот како прва опција. Во првата половина од сезоната 2015–16, Татиќ најчесто ги добивал можностите за да настапи во првиот тим, на куп натпреварите. Подоцна, во 21 коло истата сезона, првиот голман на екипата, Николиќ, се повредил во натпревар од српската Суперлига, против екипата на Војводина. Така Лазар Татиќ станал прва опција за голманската позиција до крајот на сезоната. По крајот на сезоната, кога екипата на Јагодина испаднала од српската прва лига, Татиќ одлучил да го напушти клубот.

Радник од Сурдулица Откако поминал одреден период, за време на претсезонските тренинзи со клубот, Лазар Татиќ и официјално му се приклучил на составот на Радник од Сурдулица. Тоа се случило во последните денови од преодниот рок за 2016 година. Во тој период за екипата на Радник, потпис ставиле неколку играчи и тоа на договор со траење од една година. По еден месец поминат во екипата на Радник од Сурдулица без официјални одиграни натпревари, тој го напуштил клубот и се преселил на пробен период во екипата на Црвена ѕвезда од Белград.

Напредак од Крушевац На почетокот на 2017 година, Лазар Татиќ му се придружил на составот на Напредак од Крушевац, потпишувајќи договор со важност од три години и половина. Му припаднал дресот со број 33. На почетокот на наредната сезона, во летото 2017 година, Лазар Татиќ го преземал дресот со број 94. Тој дрес го носел во сезоната 2017-18. Во средината на сезоната, двете страни, клубот на Напредак и голманот Татиќ се договориле да го раскинат договорот. Лазар Татиќ го напуштил клубот како слободен играч, без ниту еден официјален одигран натпревар.

ОФК Бачка од Бачка Паланка На 11 јуни 2018 година, Лазар Татиќ потпишал едноиполгодишен договор со екипата на ОФК Бачка од Бачка Паланка. Тој ја започнал претсезоната 2018-19 со новиот клубот, во српската Суперлига како еден од тројцата конкуренти за голманската позиција, заедно со Растко Шуљагиќ и Кристијан Жупиќ.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

+Одиграни натпревари и постигнати голови со различни клубови и во различни сезониКлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиСлога од Краљево2011–12Прва лига00———002012–130000——002013–140000——002014–152010——30Total2010——30БАСК (како позајмен играч)2013–14Лига на град Белград40———40Колубара(како позајмен играч)2014–15Прва лига10———10Јагодина2015–16Суперлига19030——220Радник од Сурдулица2016–170000——00Напредак од Крушевац2016–1700———002017–180000——00Вкупно0000——00Вкупно во кариера26040——300

Наводи

Надворешни врски Лазар Татиќ статистика на utakmica.rs (на српски) Лазар Татиќ на serbiacorner.com

Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалски голмани Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1994 година