Градиште — населба и некропола од доцноантичкото време во атарот на селото Моклиште, Македонија. На зарамнето плато што се наоѓа над десниот брег на реката Луда Мара, оддалечено 6-7 километри јужно од селото, се гледаат грамади од градежен материјал, тегули и имбрекси. Помеѓу населбата и брегот на реката се констатирани гробови од камени плочи - тип циста, а најдена е и надгробна плоча со грчки натпис.
Поврзано Валенција — некропола од доцноантичко време; Гркови Садеви — населба и некропола од доцноантичко време; Моклишко Кале — градиште од железно и доцноантичко време; Моклиште; и Список на археолошки наоѓалишта во Кавадаречко.
Наводи
Категорија:Моклиште (село)