Dolerus anticus — вид на растителна оса од родот Dolerus.
Опис Главата црна, градите црвени, мезоплеурите и страничните делови на мезонотумот делумно црни, скутелумот црн. Абдоменот жолтоцрвеникав, првиот сегмент црн. Кај мажјакот антените покуси од абдоменот. Главата и градите црни. Абдоменот црн, средните сегменти црвени.
Ларвите се непознати. Возрасните форми се среќаваат во текот на мај и јуни.
Возрасните единки достигнуваат должина 8 — 11 мм.
Живеалиште Географската распространетост на овој вид оса е цела Европа. Во Македонија видот се среќава во селото Ореовец (Македонски Брод).Јонче Чинговски: Фауна на Македонија VI, Скопје, 1985, стр. 84-85
Наводи
Категорија:Растителни оси Категорија:Инсекти на Македонија