Словенечката Прва лига (словенечки: Prva slovenska nogometna liga), во моментов е наречена Прва лига Телемах поради спонзорски причини, позната и по кратенката 1. SNL — главната фудбалска лига во Словенија, а е формирана во 1991 година откако Словенија станала независна земја. Од 1920 година до крајот на сезоната 1990-1991, Словенечката републичка лига била пониска поделба на фудбалскиот систем на југословенската лига. Во моментов со лигата управува Фудбалскиот сојуз на Словенија. Помеѓу 2001 и 2012 лигата била управувана од Здружението на 1. SNL. Цеље и Марибор се единствените два основачки клуба кои никогаш не испаднале од лигата од нејзиното основање во 1991 година.
Формат Лигата брои десет клуба, кои играат по четири меѓусебни натпревари во текот на 36 кола, двапати дома и двапати на гости. Тимовите добиваат три бода за победа, еден бод за нерешено и без бодови за пораз. Тимовите се рангирани според вкупните бодови, а ако две екипи се изедначени, меѓусебниот резултат се користи како прв критериум за класификација.
Според УЕФА коефициентите за ранкинг (подолу покажано); Победникот на лигата влегува во Квалификациските рунди на Лигата на Шампиони, додека втората и третата пласирана екипа влегуваат во Квалификациските рунди на Конференциска лига на Европа заедно со освојувачот на Словенечкиот фудбалски куп. На крајот на сезоната, последната екипа отпаѓа во Втората словенечка фудбалска лига, додека деветтопласираната екипа игра бараж за опстанок со второпласираната екипа во втората словенечка лига.
УЕФА Ранкинг Точно од 9 септември 2020 година. Табелата ја прикажува позицијата на словенечката Прва лига, врз основа на рангирањето на земјите со коефициентот на УЕФА, и четирите странски лиги кои се најблиску до позицијата на Првата лига (две лиги со повисок коефициент и две со помал коефициент). Ранг 2020Ранг 2019ПроменаЛига2015–162016–172017–182018–192019–203030 —Прва фудбалска лига на Словачка3.7502.1251.8755.1253.0003132 +1 Фудбалски куп на Лихтенштај5.0002.5002.0001.5002.5003231 –1 Словенечка Прва лига1.0002.2504.6253.1252.0003333 — Прва фудбалска лига на Унгарија1.6251.8751.6253.2504.5003443 +9 Прва фудбалска лига на Луксембург0.7500.7500.8752.6253.000
Шампиони на Словенија СезонаПрвак1991–92Олимпија Љубљана1992–93Олимпија Љубљана1993–94Олимпија Љубљана1994–95Олимпија Љубљана1995–96Горица1996–97Марибор1997–98Марибор1998–99Марибор1999–2000Марибор2000–01МариборСезонаПрвак2001–02Марибор2002–03Марибор2003–04Горица2004–05Горица2005–06Горица2006–07Домжале2007–08Домжале2008–09Марибор2009–10Копер2010–11МариборСезонаПрвак2011–12Марибор2012–13Марибор2013–14Марибор2014–15Марибор2015–16Олимпија Љубљана2016–17Марибор2017–18Олимпија Љубљана2018–19Марибор2019–20Цеље2020–21Мура
Според клуб КлубПобеднициВторопласираниСезониМарибор1581996–97, 1997–98, 1998–99, 1999–2000, 2000–01, 2001–02, 2002–03, 2008–09, 2010–11, 2011–12, 2012–13, 2013–14, 2014–15, 2018–19Горица451995–96, 2003–04, 2004–05, 2005–06Олимпија Љубљана (1945–2005)431991–92, 1992–93, 1993–94, 1994–95Домжале232006–07, 2007–08Олимпија Љубљана232015–16, 2017–18Копер122009–10Цеље122019–20Мура102020–21
Членови на Првата лига во сезоната 2021/2022 Вкупно 10 тимови се натпреваруваат во тековната сезона, вклучително и 9 тимови од сезоната 2020–21, и победникот од втората словенечка лига. КлубМестоположбаСтадионКапацитетЦељеЦељеСтадион З'дежеле13.400ДомжалеДомжалеСпортски парк Домжале3.100РадомљеРадомљеСпортски парк Домжале3.100МураМурска СоботаСтадион Фазанерија5.000КоперКоперСтадион Бонифика4.047БравоЉубљанаСпортски парк Љубљана2.308МариборМариборСтадион Људски Врт12.994ОлимпијаЉубљанаСтадион Стожице16.693Табор СежанаСежанаСтадион Рајко ШтолфаАлуминијКидричевоСпортски парк Алуминиј2.600
Наводи
Категорија:Прва словенечка фудбалска лига Категорија:Државни фудбалски лиги Категорија:Фудбалски натпреварувања во Словенија