Петар II Петровиќ Његош, световно име Радоје Томов Петровиќ (Његуши, - , ), бил владика и владетел на Црна Гора од династијата Петровиќ-Његош, тој е еден од најголемите претставници на црногорската и на српската книжевност.
Потекло Династија Петровиќ-Његош
мини|десно|300п|Црногорските племиња Владиката Петар II Петровиќ Његош се родил во Његуши (во близина на Цетиње), како втор син на Томо Марков Петровиќ (најмладиот брат на владиката Петар I Петровиќ Његуш) и Ивана Пророковиќ.
На своето кршевање го добил името Радивоје според кое подоцна меѓу народот бил позната како владиката Раде. По завладичувањето се потпишувал само со своето калуѓерско име - Петар и презимето Петровиќ: Петар Петровиќ. Меѓутоа, меѓу Црногорците не бил познат како владиката Петар, туку како владиката Раде. Единствениот владика кого Црногорците го именувала како Петар бил неговиот чичко - Петар I Петровиќ Његош. Тој никогаш не го употребувал името Петар II, тоа било додадено подоцна за да се направи динстикција помеѓу двајцата Петровци. Додавката Његош е додадена по планината Његош, од каде потекнувал еден негов предок, а не Његуш како што се именувало неговото племе.
Семејно дрво Иво Петровиќ-Његош, оженет со Ика Поповиќ Марко Петровиќ-Његош, оженет со Англина Мартиновиќ Саво Петровиќ-Његош, оженет со Мара Милиќ Ѓорѓе Петровиќ-Његош, оженет со Стана Гопчевиќ Машан Петровиќ-Његош, оженет со Јована Радониќ Вуко Петровиќ-Његош, оженет со Јока Суботиќ Ивана Петровиќ-Његош, омажена за Филип Радониќ Стана Петровиќ-Његош, омажена за Иво Бојковиќ Јована Петровиќ-Његош, омажена за Ѓуро Дољаница Гордана Петровиќ-Његош, омажена за Јоко Руцовиќ Томо Петровиќ-Његош, оженет со Ивана Пророковиќ Јоко Петровиќ-Његош Петар II Петровиќ Његош (1813-1851), владика 1830-1851. Перо Петровиќ-Његош, оженет со: Горда Врбица, Јована Ѓурашковиќ и Госпава Булајиќ Пиљо Петровић-Његош Марија Петровиќ-Његош, омажена за Андреј Перовиќ Ѓане Петровиќ-Његош, оженет со П. Ѓурашковиќ Петар I Петровиќ Његош (1747-1830), владика 1784-1830. Канонизиран како Свети Петар Цетињски.
Образование мини|лево|150п|Симо Милутиновиќ Сарајлијамини|десно|240п|Цетињскиот манастир Своето дество го минал меѓу Његушите. Владиката Петар I Петровиќ Његуш во 1825 година го прибрал кај себе во Цетињскиот манастир, кадешто требало да го школуваат монахот Мисаил Светковиќ и владичкиот секретар Јаков Цек. Тука Раде ги напишал своите први песни за да ги забавува локалните старешини и главатори. Во средината на 1825 година, Раде бил испратен во манастирот Топла во Херцег Нови, каде што старешината на манастирот, Јосип Троповиќ, предавал италијански јазик, математика, црковно пеење, пслатир и други предмети. Раде честопати присутвувал на верските служби во блискиот манастир Саваина. Во Топла останал до крајот на 1826 година, кога се вратил во Цетиње.
Неговиот чичко за свој наследник го подготвувал Ѓорѓија Савов, кој се школувал во Русија, меѓутоа тој се откажал од митрополитскиот чин зашто сакал да се посвети на војничкиот живот. Според традиција, црногорскиот владетел морал да биде владика, отука Раде започнал да се подготвува за преземање на тоа достоинство. На 20 јануари 1827 година, Петар I Петровиќ Његуш го прогласил Раде свој наследник и го зел кај себе во цетињскиот манастир. Петар I сакал и Раде да го испрати на школување во Русија, но немал финансисики средства и затоа сам го подучувал италијански, руски, германски, англиски и француски јазик. На младиот Раде на располагање му ставил и својата богата библиотека. Приморскиот учител Јоспи Троповиќ во Топла го зголемил Радевото скромно образование, кој претежно самиот продолжил да се образува. Подоцна негов учител станал Симo Милутиновиќ Сарајлија, кој при крајот на 1827 година ненадејно се појавил во Цетиње и кој на Раде му предавал историја, книжевност и филозофија.Димче Левков, „Петар Петровиќ Његош (1813 — 1851)“, во: Петар Петровиќ Његош, Горски венец. Мисла, Култура и Македонска книга, Скопје, 1988, стр. 133-134.
Црна Гора под власта на Петар II Реформи мини|лево|250п|Споменик на Петар Петровиќ Његош во Белградмини|десно|240п|Балканот во 1850 година
Во 1830 година умрел стариот митрополит Петар I и во својот тестамент го одредил Раде за свој наследник. Така, со неполни 17 години, Раде станал Петар II, но не по својата волја, туку „по принуда од главарите и народот“. Тоа предизвикало голем страв и несигурност кај младото момче, кое во своето писмо упатено до Матија Вучиќевиќ два дена по неговото стапување на престолот, напишало: „Треперам дури ви го пишувам ова... туку побрзајте ако знаете за Бога, ако го љубите Христа, дури од некаде од туѓинска страна не се посеала кавга и крв...“Димче Левков, „Петар Петровиќ Његош (1813 — 1851)“, во: Петар Петровиќ Његош, Горски венец. Мисла, Култура и Македонска книга, Скопје, 1988, стр. 137. Во тоа време, Црна Гора била мала, сиромашна земја, а нејзините племиња биле разединети. Во земјата не постоела никаква просветна или културна установа, немало речиси никаква централна државна организација, а писмените луѓе биле реткост. Навистина, Патеар I остварил извесен авторитет меѓу црногорските племиња, но сепак, нивната поврзаност вила многу лабава и несигурна, така што непријателствата меѓу нив биле чести, проследени со крвна одмазда. Таквата состојба ја користеле околните турски паши, особено скадарскиот, кои настојувале да ги поткупат племињата, нудејќи им леб и жито на оние кои се кревале против својата власт.Димче Левков, „Петар Петровиќ Његош (1813 — 1851)“, во: Петар Петровиќ Његош, Горски венец. Мисла, Култура и Македонска книга, Скопје, 1988, стр. 133-135.
Петар II, слично како и неговиот чичко, се соочил со ограничувањето на неговата власт. Владиката немал армија, милиција или други безбедносни слили под негова команда. Можел да ги користи само силите обезбедени од неговата семејство и братство. Еден од најголемите проблеми за Петар II било управувањето со племињата во далечните делови од Црна Гора, кои често одбивале да покорат или се приклучувале на владичките соперници. Меѓу сите племиња постел постојан отпор кон неговата власт, а владиката не можел да ги спречи црногорските ајдучки напади врз Османлииските области. Меѓутоа, владиката успеал да преземе некои чекори кон изградба на редовна административна организација.
Уште во првата година по стапувањето на власт, Петар II Петровиќ Његош ја укинал гувернадурската установа и го истерал гувернадурот, кој бил странски претставник во земјата. Во изградбата на државните функции, владиката добил помош од рускиот двор и неговите претставници. Привремената руска финансиска помош претставувала еден од малкуте извори на црногорската митрополија. Во 1831 година, во Црна Гора пристигнале двјца руски претставници: Иван Вукотиќ и Матеј Вучиќевиќ, а тие биле придружувани од Д. Милаковиќ, кој подоцна станал секретар на Петар II. Нивната главна задача било помагање во воспоставувањето на посилни институци на централната власт. Во 1831 година, бил формиран Сенат на Црна Гора и Брда што го заменил судот формиран во 1798 година во времето на владиката Петар I Петровиќ Његош. Сенатот се состоел од 16 луѓе кои добивале плата од централната власт, чии интереси требало да ги застапуваат. За членови на Сенатот биле именува влијателни црногорски старешини и угледни личности за да биде спречена опзиција која би можела да биде насочена против власта и авторитетот на владиката. Била формира и т.н гвардија, а нејзините членови биле испратени по окрузите и племињата каде што требале да сппроведуваат полициска и судска власт. Нивните команданти биле именувани како капетани и биле избирани од угледни мажи од црногорските и брдските племиња. Нивна главна задача била да и служат на централната власт олицетворена во владиката Петар II, да обезбедат спроведување на одлуките на Сенатот и да ги чуваат границите на Црна Гора. Покрај гвардијата, Његош создал и еден вид дворска стража чии припадници биле познати како „перјаници“. Сите плати за државните служебници биле подмирувани со руска финансика помош, а од неа Његош воспоставил народна каса чии средства служеле за купување храна во текот на неродните години, за купување оружје и за давање заеми.Димче Левков, „Петар Петровиќ Његош (1813 — 1851)“, во: Петар Петровиќ Његош, Горски венец. Мисла, Култура и Македонска книга, Скопје, 1988, стр. 135-136.
Во 1833 година бил направен обид за воведување редовни ниски даноци, меѓутоа овој чекор наишол на силен отпор сред црногорската средина при што Ријечката нахија кренала бунт против владиката Петар II, но тој го кршел отпорот на бунтовниците дури и по цена на примена на остри мерки.Димче Левков, „Петар Петровиќ Његош (1813 — 1851)“, во: Петар Петровиќ Његош, Горски венец. Мисла, Култура и Македонска книга, Скопје, 1988, стр. 136. Истата година, владиката Петар II за првпат ја посетил Русија каде што бил потврден за валадика. Петар II во својата татковина се вратил со богати подароци: одрдена сума пари, книги, икони, печатарска машина и ветување за засилена помош. Владиката Петар II, откако си ја обезбедил поддршката на Русија, го разрешил Вукотиќ и ја презел целосната контрола над власта.
Но владиката Петар II бил свесен дека основната моќ сè уште се наоѓа во рацете на племињата и нивните старешини, кои биле заинтересирани да ја зачуваат својата политичка моќ. Таквата состојба го принудила владиката да примени една манипулативана политика, тој ги подбуцнивал своите соперници едни против други. За да го зголеми престижот на куќата Петровиќ-Његош, решил својот чичко, поранешниот владика Петар I Петровиќ Његуш, да го канонизира под името Свети Петар Цетињски.
Во текот на свето владеење Петар II бил принуден да се бори против постојаните клевети од страна на неговите противници и непријатели кои го обвинувале дека „владиката не седи в манастир“, „не носи секогаш мантија“, „си дозволува постапки и задоволства што не се согласуваат со неговиот духовен чин“, „не се разбира со народот“, „ги продава манастирите, најголемите црногорски вредности“ итн. Поради подмолните клевети, тој морал повеќепати да се правда, на него се гледало со сомнежи во Виена, а поради нив бил принуден подолго време да чека во Псков додека рускиот цар не му дозволи да влезе во Петроград. Така, во едно писмо до српскиот кнез Милош од 1831 година, тој пишува: „За малку не се мрднав од умот размислувајќи за жалосната состојба на народот црногорски“, а во една прилика, во моменти на истоштеност и болка, тој вели: „Да можам да заминам на некој остров или во Америка“ при што во два наврати навистина помислил да ја напушти Црна Гора.Димче Левков, „Петар Петровиќ Његош (1813 — 1851)“, во: Петар Петровиќ Његош, Горски венец. Мисла, Култура и Македонска книга, Скопје, 1988, стр. 138.
Надворешна политика