Грабнување од сарајот (германски: Die Entführung aus dem Serail) ( К. 384; исто така позната како Сарајот) е зингшпил опера во три чина од Волфганг Амадеус Моцарт. Германското либрето го напишал Готлиб Стефани врз основа на „Белмонд и Констанца, или грабнување од сарајот“ од Кристоф Фридрих Брецнер. Во операта Белмонте, потпомогнат од својот слуга Педрило, се обидува да ја спаси својата сакана Констанца од сарајот на Пашата Селим. Делото премиерно било прикажано на 16 јули 1782 година во Виенскиот Бургтеатар.

Потекло Императорот Јосиф II основал компанија „Национален зингшпил“ (Nationalsingspiel) со цел да се изведуваат дела на германски јазик (наместо италијанскиот оперски стил кој бил тогаш популарен во Виена). Оваа компанија ја спонзорирала операта и се смета за исклучителен успех на Националниот зингшпил. лево|мини| Моцарт во 1780 г. Готлиб Стефани бил инспектор во Националниот зингшпил. Кога Моцарт, на свои 25 години, пристигнал во Виена во 1781 година во потрага по професионален ангажман, се сретнал со Стефани и и побарал надомест за опера. За таа цел, тој со себе донел копија од својата претходна недовршена опера Заида и му ја покажал на Стефани, кој бил импресиониран. Моцарт остави силен впечаток во театарот и било договорено Стефани да најде соодветен материјал и да подготви либрето за Моцарт. Стефани се согласил да подготви изменета верзија на делото „Белмонт и Констанца“ без да побара дозвола од оригиналниот автор Кристоф Фридрих Брецнер. Брецнер подоцна јавно се пожалил за кражбата.

Компонирање Моцарт либретото од Стефани го добил на 29 јули 1781 година. Писмото до неговиот татко Леополд покажува дека бил возбуден поради можноста неговата опера да биде изведена во Виена и ентузијастички работел на проектот.Mozart Briefe und Aufzeichnungen No. 615. Collected edition, Internazionalen Stiftung Mozarteum, Salzburg.

Моцарт прво мислел дека операта треба да ја заврши за само два месеци, бидејќи се планирало да се изведе за време на посетата на рускиот велики војвода Павле (син на Катерина Велика и руски престолонаследник). Сепак, на крајот било одлучено да се изведуваат опери од Глук, а на Моцарт му се дало повеќе време.

На Моцарт му требале уште неколку месеци за да ја заврши композицијата. Премиерата се одржала на 16 јули 1782 година, во Бургтеатарот во Виена.

Карактер Грабнување од сарајот спаѓа во зингшил жанрот.

Таа е лесна опера со чести комични ситуации, а ликовите се недоволно истражени, за разлика од подоцнежните опери на Моцарт.See, for example, . Операта била инспирирана од тогашниот интерес за егзотичната култура на Отоманската Империја., suggests that "preparations had just begun to celebrate" the centennial of lifting of the Turkish Siege of Vienna in 1683. Later in the decade, Austria was again at war with Turkey (see Austro–Turkish War (1787–1791)) but this was a war of aggression, not defense.Two contemporary works also showing the contemporary interest in matters Turkish were Giovanni Paolo Marana's Letters Writ by a Turkish Spy and Montesquieu's Persian Letters. Операта на Моцарт содржи западна верзија на турската музика, заснована на музиката на турските јаничарски групи."Mozart: Die Entführung aus dem Serail K. 384 " by Georg Predota, interlude.hk, 16 July 2018

Одредени аспекти на операта се усогласени со европскиот поглед на ориентализмот од XVIII век. Меѓутоа, операта исто така му пркоси на стереотипот на деспотската турска култура, бидејќи нејзината кулминација е несебичниот чин на простување од страна на пашата.

Музиката ги содржи некои од најспектакуларните и најтешките арии на Моцарт. Осминовата арија во 3 чин, „O, wie will ich triumphieren“ (Ох, кога ли ќе победам) содржи карактеристична колоратура од 18 век и двапати се спушта до ниско D (D2), една од најниските ноти кои се бараат од секој глас во операта. Најпознатата арија во операта е „Martern aller Arten“ („Тортури од секаков вид“) на Констанца, голем предизвик за сопраните. Констанца пее во своевиден синфониски концертант со четири солисти од оркестарот; долгиот оркестарски вовед, без сценско дејство, исто така им создава проблеми на сценските директори.For discussion, see .

Прием мини|Моцарт (на средина) присуствувал на изведбата на неговата опера Грабнување од сарајот за време на посетата на Берлин во 1789 година. Франц Франкенберг ја играл улогата на Осмин, Фридрих Ернст Вилхелм Грајбе го играл Педрило. Операта имала огромен успех. Делото било постојано на репертоарот во Виена и во европските земји од германско говорно подрачје. Оваа опера го издигнала на Моцарт во очите на јавноста како врвен композитор. Сепак, не се збогатил со неа: му бил исплатен паушален надомест од 100 царски дукати (околу 450 флорини) за операта а не заработил ништо од многуте изведби кои следеле.

Операта била премиерно изведена во Париз во ноември 1801 година.Noiray, Michel. "Blasius [Blassius], (Matthieu-)Frédéric" in Stanley Sadie, ed., The New Grove Dictionary of Opera, 4 vols. (London: Macmillan, 1992), 1: 498

Улоги + Улога Тип на глас Премиерна екипа, 16 јули 1782 година Диригент : В.А. Моцарт Белмонте, шпански благородник тенор Валентин Адамбергер Констанца, свршена за Белмонте сопран Катерина Кавалиери Блонда, слугинка на Констанца сопран Терезија Тејбер Педрило, слуга на Белмонте тенор Јохан Ернст Дауер Осмин, надгледник на пашата бас Лудвиг Фишер Баса Селим, Пашата говорна улога Доминик Жауц Клас говорна улога Непознат Хор на јаничари

Синопсис

Место: селската куќа на пашата (германски „Баса“), во Турција Време: 16 век

Чин 1 алт=Standing woman with long braided hair|мини| Студија за костими за русокоса, ок. 1830–50, од Кристоф Фрис, Метрополитен музеј на уметноста

Чин 2

Акт 3

Снимки

Адаптации

Наводи

Извори [This is a recent edition of a much older work.]

Дополнително читање

Мелиц, Лео, Целосен водич на операта Гер, верзија од 1921 година. (Синопсис адаптиран од овој извор)

Надворешни врски

Категорија:Ориентализам Категорија:Опери Категорија:Опери на германски јазик Категорија:Опери на Волфганг Амадеус Моцарт Категорија:Статии со текст на германски Категорија:Зингшпил опери Категорија:Опери со дејствие во Турција Категорија:Опери со светска премиера во Бургтеатар