мини|Фотографија од Иван Вукомановиќ Иван Вукомановиќ (роден на 19 јуни 1977 година) е професионален српски фудбалски тренер и поранешен играч. Моментално е актуелен тренер на индискиот суперлигашки клуб Керала Бластерс.

Играчка кариера Обилиќ

Вукомановиќ додека настапувал како играч играл на позицијaта кaко дефанзивец. Понекогаш бил користен и како дефанзивен играч за врска. Својата професионална кариера ја започнал во српскиот клуб ФК Слобода од Ужице. Вукомановиќ подоцна играл и за екипата на Обилиќ, каде ја освоил титулата во Првата лига на СР Југославија во периодот на сезоната 1997-98 година. Вукомановиќ подоцна се преселил во екипата на Бордо од француската Лига 1. Со францускиот клуб ја освоил француската дивизија 1 во сезоната 1998–99. Во текот на неговата кариера, тој настапувал за неколку клубови од највисоките нивоа, меѓу кои за српската екипа на Црвена ѕвезда од Белград, бундеслигашката екипа на ФК Келн, белгискиот состав на Ројал Антверпен ФК и рускиот клуб ФК Динамо од Москва. Со екипата на Црвена ѕвезда од Белград тој ги освоил сезоните 1999-2000 и 2000-01 од Првата лига на СР Југославија заедно со Купот на СР Југославија во 2000 година. Вукомановиќ целосно се повлекол од професионалниот фудбал во 2011 година на 34-годишна возраст. На национално ниво, тој ја претставувал репрезентацијата на СР Југославија.

Тренерска кариера

Стандард од Лиеж Вукомановиќ ја започнал својата тренерска кариера во белгискиот клуб на Стандард од Лиеж, каде му асистирал на тренерот на Гај Лусон во сезоната на 2013-14. За тоа време, екипата на Лиеж настапувала во Лигата на Европа откако ги победила сите натпревари во квалификациските фази. По заминувањето на тренерот Лусон во месец октомври 2014 година, Вукомановиќ ја преземал одговорноста како главен тренер на екипата на Стандард од Лиеж. Неговиот прв натпревар во историјата како главен тренер бил против шпанскиот гигант Севиља во Лига Европа. Тој натпревар завршил со нерешен резултат без голови. Под негово раководство како тренер, екипата на Стандард Лиеж собрала 28 од можни 39 бодови во лигата. Во месец февруари, на средината на сезоната во 2015 година, и покрај тоа што постигнувал добри резултати во клубот, сепак бил заменет со тренерот Хосе Рига. Било наведено дека тој имал недостаток на искуство како главен тренер. Му била понудена улогата на помошник тренер во екипата на Рига, на што тој одговорил; „Да ми предложите да останам во стручниот штаб, тоа би било само политичка и коректна одлука кон играчите и кон симпатизерите. Можев да бидам несериозен и да кажам да. Потчукнете ја екипата на Рига по рамото и потоа не правете ништо, но јас не сум таков. Јас сум директна и искрена личност. Затоа решив сепак да го напуштам клубот на Стандард.“

Слован од Братислава Во 2016 година, Вукомановиќ бил назначен за тренер на словачкиот Суперлигаш Слован од Братислава. Под негово раководство, клубот завршил на второто место во лигата на крајот на сезоната. Неговата прва титула како тренер во новиот клуб пристигнала во 2017 година, кога го предводел составот на Слован од Братислава до титулата во Словачкиот куп 2017-18. Вукомановиќ имал пристојна втора сезона на екипата на Слован од Братислава. Со само пет порази од вкупно 22 натпревари, на 28 октомври 2017 година, тој се разделил од клубот по нерешениот натпревар против екипата на ФК Сеница.

Аполон од Лимасол По двегодишна пауза, во месец септември 2019 година Иван Вукомановиќ се вратил на тренерската работа, потпишувајќи со клубот од кипарската прва лига Аполон од Лимасол како привремен тренер. Екипата на Аполон ја водел на вкупно 4 натпревари.

Керала Бластерс На 17 јуни 2021 година, клубот на Керала Бластерс објавил дека Иван Вукомановиќ бил назначен за нов тренер на екипата од индиската Суперлига. Тоа се случило пред почетокот на сезоната 2021–22. Под водство на Вукомановиќ, на 11 септември 2021 година екипата на Керала Бластерс го добила својот прв натпревар во сезоната во натпреварот од Купот Дуранд 2021 година против составот на Индиската морнарица со резултат од 0:1. Неговиот прв натпревар во индиската Супер лига како тренер на клубот Керала Бластерс бил на 19 ноември 2021 година и завршил со пораз од 4:2 од екипата на АТК Мохун Баган ФК. Наредните два натпревари екипата на Бластерс ги одиграла со нерешен резултат и тоа против екипите на ФК Североисточен Јунајтед и ФК Бенгалуру. На 5 декември екипата на Вукомановиќ, Бластерс ја забележала својата прва победа во лигата кога го совладала составот на ФК Одиша со резултат од 2:1. Тоа бил првата победа за клубот на Керала Бластерс во индиската Супер лига по цели 11 месеци. Подоцна составот на „Бластерс“ победил на два последователни натпревари, против бранителот на титулата ФК Мумбаи Сити и против ривалот ФК Ченаијин. По тие победи екипата стигнала до 4 место на табелата. Серијата без пораз на екипата на „Бластерс“ под водство на Вукомановиќ продолжила. Поради добрите резултати екипата стигнала до првото место на табелата по пауза од цели 8 години. На 9 јануари 2022 година со резултат од 1:0 неговиот клуб ја победил екипата на Хајдерабад.

Признанија

Натпреварувачки признанија Обилиќ

Освоена е Првата лига на СР Југославија: 1997–98

Црвена ѕвезда од Белград

Освоена е Првата лига на СР Југославија: 1999–2000, 2000–01 Освоен е Купот на СР Југославија: 1999–2000 година

Бордо

Освоена е Француската дивизија 1: 1998–99

Тренерски признанија Слован Братислава

Освоен е Купот на Словачка: 2017–18

Наводи

27. https://malayalam.samayam.com/sports/football/indian-super-league/ivan-vukomanovic-speaks-about-his-future-with-kerala-blasters/articleshow/88915064.cms

Надворешни врски РАФЦ-Музеј

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1977 година Категорија:Српски фудбалери Категорија:Српски фудбалски тренери Категорија:Фудбалери на ФК Антверпен Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Фудбалери на ФК Локерен Категорија:Фудбалери на ФК Аланија Владикавказ Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Динамо Москва Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Фудбалери на ФК Келн