Желински мост — историски камен мост на реката Вардар во тетовското село Желино, прогласен за културно наследство на Македонија.

Местоположба Мостот е сместен на стариот главен пат од Полог за Скопје (Р1206), веднаш северно од Желино. На мало растојание североисточно е современиот мост на магистралата А2.

Историја Изграден е во 1845 година, по нарачка на полусамостојниот управник на Полог, Абдурахман-паша.

Опис Мостот има четири полукружни лакови со димензии од 7,75 до 11,40 м. Изработен е од добро изделкани камења. Ова важи за отворите и носачите, со исклучок на носачот на десниот речен брег, кој е направен од фин камен со различна големина и облик.

Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Желино

Наводи

Категорија:Мостови во Македонија Категорија:Желино Категорија:Отомански мостови во Македонија