Куќа на Дуцкиновци — староградска куќа во струшкото село Вевчани прогласена за значајно културно наследство на Македонија.
Историја
мини|лево|Влезовите на дуќаните и првиот кат. мини|лево|Чардакот на третиот кат.
Проектант на куќата е вевчанецот Митре Дуцкиноски, кој бил мајстор-градител и ја изградил заедно со својата тајфа. Изградена е во 1923 или 1929 година врз темелите на постара срушена куќа.
Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.
Архитектура
Куќата се смета за своевиден дворец. Каменот за изградбата на првиот кат е донесен од Горна Белица и е обработуван на лице место. Има приземје на кое се наоѓале дуќаните (бакалница и месарница), а на горните катови биле дневната, гостинските и спалните соби. На најгорниот кат е чардакот, кој летно време бил користен за дневен престој. Куќата е поделена на три дела со средиштен чардак, еркерно изведен на дрвени греди со украс својствен на подрачјето и дрвена ограда. Приземјето е камено со тулни украси околу дрвените прозорци кои се затовраат со дрвени капаци одвнатре и метални решетки однадвор. Влезните врати на дуќаните се дрвени, со полукружно тулно украсување во средновековноримски стил.
Горните катови се направени од полни тули со дрвени прозорци, исто така со тулно украсување, и тука се просториите за живеење. Меѓукатната конструкција е направена со греди од костеново дрво. Од истиот материјал е и покривната конструкција, при што самиот покрив е на две води. Од костен е и скалиштето кое ги поврзува катовите, како и сите внатрешни врати.
Галерија
Поврзано Културно наследство на Македонија во Општина Вевчани
Наводи
Надворешни врски
Дуцкиновци Категорија:Појавено во 1920-тите години во Македонија Категорија:Појавено во 1920-тите години во Кралството СХС Категорија:Згради и градби завршени во 1920-тите години Дуцкиновци