Драган Мрѓа (Вршац, 23 јануари 1984) бил поранешен српски фудбалер, кој настапувал на позиција како напаѓач.

Кариера

Црвена ѕвезда Мрѓа потекнувал од Влајковац, место покрај градот Вршац. Во Влајковац ги направил првите фудбалски чекори, но набрзо се преселил во екипата на Раднички од Вршац. Во помладите категории на екипата на Црвена ѕвезда се преселил во 1997 година.

За првиот тим на Црвена ѕвезда настапил на 4 мај 2002 година, во натпреварот против екипата на Земун (1:1), на стадионот Маракана. На тој натпревар влегол од клупата за резервни играчи во 75 минута на местото на соиграчот Лео Леринац. Тоа бил единствениот натпревар во сезоната 2001/02 за 18-годишниот Мрѓа.

Наредната сезона 2002/03, тренерот Зоран Филиповиќ му дал многу поголема можност. Својот прв гол за екипата на Црвена ѕвезда го постигнал на 15 август 2002 година, во квалификациите за Купот на УЕФА против екипата на Каират во победата од 2:0. Драган Мрѓа често бил стартер во таа сезона, но исто така многу пати влегувал и од клупата за резервни играчи. Тој настапувал од првата минута во победата против екипата на Киево во Верона (2:0), кога црвено-белите го исфрлиле италијанскиот тим од натпреварувањето. Подоцна во истото натпреварување екипата на Црвена ѕвезда загубила од составот на римски Лацио. Мрѓа постигнал четири гола на 25 натпревари во првенството, по еден во победите против екипите на Могрен (4:1), Зета (5:1), Чукарички (2:0) и Сутјеска (3:0).

Во сезоната 2003/04 не успеал да се избори за статусот првотимец кај тренерот Славољуб Муслин. Во конкуренција на поискусните Жигиќ, Пантелиќ, Стојановиќ и Богавац, Мрѓа имал многу мала минутажа за игра. Сепак, тој придонел за освојување на двојната круна постигнувајќи четири гола на пет лигашки натпревари и со уште еден постигнат гол во Купот на два натпревари. Мрѓа одиграл и два натпревари во Купот на УЕФА. Тој постигнал три гола против екипата на Борац (5:1), еден против составот на Обилиќ (3:1) и еден против екипата на Цар Константин (7:0) во натпревар од Купот.

За време на престојот во екипата на Црвена ѕвезда, Мрѓа настапувал и како позајмен играч во клубот на Јединство од Уб. Меѓутоа, подоцна во екипата на Црвена ѕвезда тој станува се повеќе играч од втор план. Во сезоната 2004/05 под раководство на тренерот Петровиќ, а потоа и под раководство на Достаниќ одиграл само осум натпревари во сите натпреварувања. Ја започнал и сезоната 2005/06 под раводство на тренерот Валтер Зенга. Настапил во првото коло од првенството на гостински терен кај екипата на Хајдук во Кула. По тој натпревар Драган Мрѓа заминал во белгискиот клуб на Лирс.

Во странство и во екипата на Војводина Во сезоната 2005/06 во дресот на екипата на Лирс одиграл 20 првенствени натпревари на кои постигнал два гола. Тој подоцна бил позајмен на екипата на Зулте Варегем за да настапува во наредната сезона, но одиграл само пет натпревари и веднаш се вратил во составот на Лирс. Во месец јули 2007 година потпишал тригодишен договор со рускиот прволигаш Химки. Во овој клуб Мрѓа повторно соработувал со тренерот Славољуб Муслин, но како и за време на соработката во екипата на Црвена ѕвезда и овојпат немал некоја поголема минутажа. Тој одиграл само девет натпревари во руската Премиер лига и притоа постигнал два гола.

На почетокот на месец септември 2008 година тој се вратил во српскиот фудбал и потпишал договор со екипата на новосадска Војводина. Во текот на сезоната 2008/09 во Суперлигата на Србија на 27 одиграни натпревари постигнал 13 голови. Во наредната сезона 2009/10 тој одигрувал уште подобри натпревари. Со 22 постигнати голови бил најдобриот стрелец во лигата, а ја добил и наградата за најдобар играч во Суперлигата на Србија. Со новосадскиот клуб стигнал до финалето на Купот на Србија во 2010 година. Во тоа финале екипата на Војводина била совладана од составот на Црвена ѕвезда.

Во месец август 2010 година, тој потпишал тригодишен договор со екипата на Сион од Швајцарија. Во месец март 2011 година, за време на натпреварот од швајцарското првенство во кој неговиот Сион бил поразен од екипата на Цирих (0:2), Мрѓа се здобил со повреда на лигаментите на левото колено. Повредата била посериозна, па за него сезоната била завршена. Пред повредата, тој постигнал осум првенствени гола за екипата на Сион, како и уште долонителни шест во натпреварите од купот. По заздравувањето од повредата, му била дадена можност да настапува во првиот дел од сезоната 2011/12, но додека играл за државната репрезентација во месец ноември 2011 година, повторно ги повредил лигаментите, по што пропуштил најмногу натпревари во таа сезона. И во текот на сезоната 2012/13 повторно се повредил и на теренот минал многу кратко време. Подоцна повторно ги имал проблемите со повредата. Бил отстранет од првиот тим поради несогласувања со тренерот Џенаро Гатузо.

Враќање во екипата на Црвена ѕвезда Во месец август 2013 година Драган Мрѓа се вратил во екипата на Црвена ѕвезда, потпишувајќи двегодишен договор. Во текот на сезоната 2013/14 бил најдобар стрелец во српската Суперлига со вкупно 19 постинати голови. Тој бил еден од клучните фудбалери во тимот на Славиша Стојановиќ, кој по пауза од шест години ѝ ја вратил титулата на екипата на Црвена ѕвезда.

Мрѓа постигнал хет-трик против екипите на Спартак (5:1) и Слобода (4:1), двапати бил стрелец против клубовите на Нови Пазар (5:1) и Вождовац (5:1) и еднаш против составите на ОФК Белград (2:1), Војводина (2:1 за триумф во 92 минута), Јагодина (2:0), Спартак (2:1), Чукарички (4:1), Раднички од Ниш (2:0), Партизан (1:2), Рад (2:0) и ОФК Белград (4:2), кога била прославена титулата за српски првак на едно коло пред крајот на сезоната.

Тој постигнал вкупно 20 гола на 28 натпревари во сите натпреварувања, а бил најдобар стрелец на клубот за таа сезона.

Јапонија и Олимпија На првиот ден од јули 2014 година Мрѓа потпишал договор со јапонската екипа на Омија. Во својата прва сезона, тој постигнал девет гола на 18 натпревари во Џеј лигата, но тоа не било доволно за тимот да опстане во најкавалитетната лига. Иако екипата на Омија испаднала во втората лига, Мрѓа решил да остане во екипата и потпишал нов договор со клубот. Екипата на Омија одиграла само една сезона во втората лига и веднаш успеала да се врати во Џеј лигата. За тој успех значително придонел и Драган Мрѓа со неговите 19 голови.

По три години минати во екипата на Омија, во кои постигнал дури 36 гола на 99 натпревари во сите натпреварувања, Мрѓа во месец јули 2017 година се преселил во екипата на јапонскиот второлигаш Шонан Белмаре. Како и со екипата на Омија, така и со составот на Шонан Мрѓа го освоил првото место и квалификацијата за најдобрата Џеј лига. Со овој клуб имал многу помал придонес постигнувајќи само еден гол.

Во месец февруари 2018 година тој се вратил во европскиот фудбал и потпишал договор со екипата наОлимпија од Љубљана. Сепак, многу кратко време останал во словенечкиот клуб. Одиграл само еден натпревар и тоа само две минути, а веќе на почетокот на месец април спогодбено бил раскинат договорот.

Репрезентација Драган Мрѓа го постигнал првиот гол за една од фудбалските селекции на Србија, на дуелот помеѓу младинските репрезентации на Чешка и Србија (1:0). Тој настапувал со младата српска репрезентација на Европското првенство 2007 година во Холандија, каде репрезентацијата била поразена во финалето од домаќинот на тоа првенство. Мрѓа постигнал два гола на ова првенство, најпрво во полуфиналето против репрезентацијата на Белгија (2:0), а потоа во финалето против домаќинот Холандија (1:4).

За сениорската репрезентација на Србија одиграл 14 натпревари и постигнал два гола. Својот прв натпревар го имал на 19 ноември 2008 година во Белград против репрезентацијата на Бугарија (6:1), а најдобрата игра за популарните „орли“ ја имал на 7 април 2010 година во Осака против селекцијата на Јапонија (3:0), кога бил двоен стрелец за својата репрезентација.

Мрѓа бил учесник на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка каде што не одиграл ниту една минута.

Последен пат за српската репрезентација настапил на 6 јуни 2014 година во Саун Пауло на пријателскиот натпревар против репрезенатцијата на Бразил (0:1).

Голови за репрезентацијата # Дата Место Противник Голови Резултат Тип на натпревар 1. 7 април 2010 година Осака, ЈапонијаЈапонија 0:1 0:3 Пријателски 1. 7 април 2010 година Осака, ЈапонијаЈапонија 0:3 0:3 Пријателски

Успеси

Клупски успеси

Црвена ѕвезда

Освоено е Првенството на СЦГ (Србија и Црна Гора)/ Српска Супер лига (2): 2003/04, 2013/14. Освоен е Купот на Србија и Црна Гора (1): 2003/04.

Поединечни успеси

Најдобар стрелец во српската Суперлига (2): 2009/10, 2013/14. Најдобар фудбалер на српската Суперлига (1): 2009/10.

Наводи

Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на ФК Црвена Ѕвезда Категорија:Српски фудбалери Категорија:Родени во 1984 година