Стерјо Дачов ( во , Костурско — ?) — македонски национален деец, учесник во НОБ од Егејскиот дел на Македонија и учесник во Граѓанската војна во Грција.

Животопис Се вклучил во комунистичкото движење во периодот помеѓу двете светски војни. За време НОБ бил политички комесар на резервен баталјон на ЕЛАС (1943-1944), секретар на Окружниот комитет на КОЕМ за Костурско (1945-1946), а во Граѓанската војна бил политички комесар на баталјон на ДАГ (1947-1949). На 20 јуни 1949 година, по барање на Никос Захаријадис, бил одржан вонреден состанок на раководството на НОФ-КОЕМ, односно актив на КОЕМ во една пештера надвор од селото Вињани, мeѓу селата Орово и Нивици, Преспанско. НА овој состанок покрај кадрите на КОЕМ, учествувале и лица од редовите на ДАГ, меѓу кои бил и Срејо Дачов. Од април 1952 до јуни 1956 година, бил член на Претседателството на организацијата „Илинден“ на Македонците од егејскиот дел на Македонија во источноевропските земји.

Бил дел од Редакцијата на списанието „Илинден“ (1952-1956), печатено на македонски јазик, печатено во Романија. Претставувало орган на Централниот совет на организацијата „Илинден“. Бил печатен на македонски јазик со кирилица, употребувајќи и руски букви, на формат 16,5 х 25,5 см. Списанието од август 1952 година излегувло на четиринаесетина страници и тоа како периодично гласило. Покрај Стерјо Дачов во Редакцијата биле ѝ д-р Ѓорѓи Неделков, Ставре Кочов.

Наводи

Категорија:Македонски борци Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Македонци во Грчката граѓанска војна