Потпеќко Езеро - вештачко акумулациско езеро изградено на реката Лим на 2 км возводно од Прибојска Бања Прибојска Бања: Окружење Бање, Посетено на 10. 1. 2013. и 15 км од Нова Варош, во Златиборскиот Округ. За потребите на ХЕ Потпеќ изградена е бетонска гравитациска бранаПД „Дринско-Лимске хидроелектране“ , Посетено на 10. 1. 2013. со висина од 46 и должина од 215 метра. Капацитетот на акумулацијата е 44 милиони кубици вода.Општина Нова Варош: Локални план управљања отпадом општине Нова Варош (2011—2020), Посетено на 10. 1. 2013. Должината на езерото е околу 20 километри, длабочината 40 метри, а површината 7 квадратни километри.ТО Србија: Природне карактеристике , Посетено на 10. 1. 2013. Се наоѓа на 435,6 метри надморска височина. Површината на езерскиот слив е 3.605 .
Со оглед на тоа што пругата Белград-Бар минува покрај браната како и главниот пат што води од Белград до црногорското крајбрежје, има изразен потенцијал за развој на транзитниот туризам, кој моментално е недоволно искористен.Туристичко спортски центар Златар: Планина Златар , Посетено на 10. 1. 2013. Покрај тоа, погодно е за активен туризам и риболов. Во езерото може да се уловат смуѓ, сом и езерска пастрмка.ТО Западна Србија: Прибој, природни ресурси , Посетено на 10. 1. 2013.
Поврзано Список на езера во Србија
Наводи
Литература Мала енциклопедија Просвета (3 изд.). Београд: Просвета. 1985. ISBN 978-86-07-00001-2.
Категорија:Вештачки езера Категорија:Езера во Србија Категорија:Општина Прибој