Синаничкото Езеро, наречено и Синанишко Езеро, ― ледничко езеро во планината Пирин, Пиринскиот дел на Македонија, Бугарија, сместено под врвот Синаница во малиот Синанички цирк на надморска височина од 2.181 метри. Со длабочина од 11,5 метри е меѓу 10-те најдлабоки езера во планинскиот венец. Има издолжен облик (175 x 80 м) и површина од 10.100 квадратни метри. Нејзините води се излеваат под земјата, но се појавуваат на површината на 120 метри оддалеченост од езерото и го создаваат почетокот на Синаничка Река која е лева притока на Влахинска Река.
Галерија
Наводи
Категорија:Езера на Пирин