Синиша Младеновиќ (роден на 5 јануари 1991 година) е српски фудбалски дефанзивец кој моментално настапува за екипата на ФК Графичар од Белград.
Клупска кариера
Слога од Краљево Синиша е роден во Мостар. Тој ја минал младинската академија во екипата на Слога од Краљево. Својот прв натпревар за првиот тим на истиот клуб го имал во текот на сезоната 2008-09. Во таа сезона одиграл два натпревара во српската лига Запад. Бидејќи следната сезона екипата не настапувала во првата српска лига, шест месеци пред крајот на младинската кариера, тој бил позајмен во соседниот клуб, за пролетната половина од сезоната 2009-10, односно во клубот на Металац Трговачки кој настапувал во српската лига Запад.
Сезона 2010-11 Откако екипата на Металац испаднала во Лигата на зоната Морава, Младеновиќ се вратил во составот на Слога за сезоната 2010–11. Тој во текот на сезоната најмногу се наоѓал на клупата за резервни играчи. По заминувањето на Јовица Василиќ од клубот како позајмен играч во екипата на Слобода од Ужице во паузата на полусезоната, Младеновиќ започнал неколку натпревари на теренот како стартер. Тој одиграл 13 натпревари, вклучувајќи натпревари против екипите на Полет од Љубиќ, Јединство Уб, Шумадија од Аранѓеловац, Слобода од Чачак, Слога Петровац од Млав, Мачва од Шабац. Тој одиграл и еден натпревар од полуфиналето на куп натпреварот на зоната Шумадија и Западна Србија против екипата на Златар од Нова Варош. Во текот на сезоната тој бил користен главно како десен бек, но се појавувал и како поширок и централен играч за врска. Понекогаш играл на позицијата како централен бек.
Сезона 2011-12 Синиша Младеновиќ првиот натпревар во сезоната 2011/12 го минал на клупата, но откако соиграчот Јовица Василиќ ја продолжил кариерата како позајмен играч во екипата на Слобода од Ужице, Младеновиќ ја добил можноста да настапува во првиот состав. Тоа се случило на вториот натпревар против екипата на Телеоптик, одигран на Градскиот стадион во Краљево. На наредниот натпревар против екипата на Младост од Лучани добил црвен картон по само 20 минути игра и суспензија за наредниот натпревар. Подоцна, во текот на сезоната Младеновиќ главно бил стандарден на десната бековска позиција. Тој пропуштил неколку натпревари и тоа помеѓу 23 и 25 коло. На 26 натпревар на гостински терен кај екипата на Напредак од Крушевац, Младеновиќ бил заменет со соиграчот Рашо Бабиќ за време на полувремето.
Сезона 2012-13 Младеновиќ ја започнал сезоната 2012-13 во првиот тим. По првиот натпревар против клубот на Колубара, одигран на гостински терен, тој го пропуштил домашниот натпревар против составот на Борац од Чачак, кога на таа позиција настапил Вељко Антонијевиќ. Подоцна, тој ги одиграл сите натпревари до крајот на првата полусезона, вклучувајќи го и куп натпреварот против екипата на ОФК Белград, кога го заменил Душан Младеновиќ во второто полувреме. Младеновиќ започнал 2 натпревари од клупата, едниот против екипата Јединство Путеви и вториот против клубот на Раднички од Нова Пазова. Младеновиќ во првиот пролетен натпревар против составот на Колубара добил црвен картон по еден дуел со играчот Саша Јовановиќ. Претходно тој се преселил да игра на левата бековска позиција поради повредата на соиграчот Милош Миловановиќ. Подоцна тренерот на екипата Нешко Миловановиќ го прекомандувал Марко Гобељиќ на позицијата десен бек, па Синиша се преселил на клупата за резерви. Во остатокот од сезоната, тој одиграл 8 натпревари и само двапати бил на теренот цели 90 минути.
Сезона 2013-14 Доаѓајќи Вељко Доведан за тренер на екипата на Слога од Краљево, Младеновиќ често ја менувал позицијата на теренот за сезоната 2013–14. Гобељиќ продолжил да игра како десен бек, па Младеновиќ ја започнал сезоната на клупата за резервни играчи, најчесто заменувајќи некои играчи во текот на натпреварот. Додека екипата на Слога ја започнала сезоната со два стандардни стопери, Милетиќ и Драшковиќ, Младеновиќ на неколку можности играл како централен бек. Првата сезона ја започнал на гостински терен против екипата на Радник од Сурдулица. Подоцна, тој најчесто настапувал на позицијата на лево крило. Играјќи на таа позиција го постигнал својот единствен гол за тимот на последниот натпревар од првата полусезона, против екипата на Пролетер од Нови Сад. На гостувањето кај екипата на Металац од Горњи Милановац, Младеновиќ бил во пар со Данијел Гашиќ на стоперските места, поради добиените жолти картони на соиграчот Немања Милетиќ. Тој, исто така, се појавил како лев бек на натпреварот против составот на Инѓија, на местото на казнетиот Милош Миловановиќ. По тој натпревар тренерот Доведан го напуштил клубот, а наследникот Игор Туфегџиќ го вратил Младеновиќ на неговата првобитна десна бековска позиција и тоа до крајот на сезоната. По капиталната грешка на натпреварот против екипата на Борац од Чачак, противничкиот играч Милан Јевтовиќ постигнал гол за гостинскиот тим, а Младеновиќ во вториот дел бил заменет со соиграчот Марко Гобељиќ. На крајото од првата полусезона Младеновиќ го напуштил клубот.
Бокељ Во летото 2014 година, Младеновиќ му се приклучил на составот на Бокељ од Котор. Првата сезона во клубот бил еден од најстандардните играчи со вкупно 32 натпревари во црногорската прва лига, колку што имале само соиграчите Милан Мијатовиќ и Мирко Тодоровиќ. Во наредната сезона тој продолжил да игра во екипата на Бокељ. Одиграл вкупно 30 натпревари во лигата и 6 во куповите. Постигнал еден гол од директен слободен удар против екипата на Младост од Подгорица. Најчесто настапувал на позицијата како десен бек. Младеновиќ, останал во клубот и за квалификациите за УЕФА Лигаата Европа 2016-17. Тој му асистирал на соиграчот Дејан Ѓениќ за гол во првото коло против екипата на Војводина. По поразот од 5:0 на гостински терен во Нови Сад, Младеновиќ го напуштил клубот на Бокељ.
Радник Сурдулица На 22 јули 2016 година, Младеновиќ потпишал двегодишен договор со српскиот Суперлигашки клуб Радник од Сурдулица.
Статистика во кариерата
Клупска статистика
КлубСезонаЛигашки натпревариКуп натпревариКонтинентални натпревариОстанати натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиСлога од Краљево2008–09Лига Запад2000——202009–10Прва Лига00———702010–11Лига Запад13000—101402011–12Прва Лига290———2902012–1326010——2702013–1417100——171Вкупно87110—10891Меаталац Трговачки (како позајмен играч)2009–10Лига Запад110———110Бокељ2014–15Прва Лига320———3202015–1630061——3612016–17——20—20Вкупно6206120—701Радник од Сурдулица2016–17Суперлига22020——240Вкупно во кариерата18219120101942
Признанија
Слога Краљево
Освоена е Српската лига Запад: 2010–11
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Српски фудбалери Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година