Ратка Бакалиноска (, Битола — , ) — првоборец и носител на Партизанска споменица 1941, одликувана со повеќе ордени и признанија на републичко и сојузно ниво. Носител е на Партизанска споменица од 1941.
Животопис Роденa е во Битола каде го завршува основното образование, а пред завршување на гимназија им се приклучила на партизаните во борбата со фашистичкиот окупатор.
Учествувала во народно ослободителното движење од април 1941 година, како член на СКОЈ. Во мај 1942 година била затворена, но наскоро ослободена. Од 1 октомври 1943 година, станала борец на Шарпланинскиот партизански одред. Додека одредот се наоѓал на Шар Планина, Бакалиноска работела со селските младинки. Кон крајот на ноември 1943 година, одредот бил разбиен, а Ратка била заробена од балистите и одведена во Принзренскиот затвор каде останала до 1 јуни 1944, а потоа била предадена на Германците и одведена во концентрационен лоrор во Виена, каде останала до 6 мај 1945 година.
По ослободувањето, завршила гимназија и дипломирала на Филолошкиот факултет во класата на проф. д-р Блаже Конески. Во текот на работниот век извршувала голем број општествени функции на републичко и сојузно ниво, меѓу кои помошник-министер за информации, советник на министерот за информации на СРМ, член на Републички комитет за меѓународни односи, член на Советот на Радио Скопје и на други комитети на републичко и сојузно ниво.
Во декември 2020, поттикната од тогашното вето на Бугарија за влез на Македонија во ЕУ, при што, меѓу другото, Бугарија го оспорува ословувањето на нејзината власт во Македонија од 1941-44 како окупаторска и фашистичка, Бакалиноска ја раскажала својата лична приказна за животот под бугарска окупација.
Починала во Скопје, а нејзините посмртни останки биле погребани во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел.
Поврзано
Павлина Бакалиноска Паргова
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Носители на Партизанска споменица од 1941 Категорија:Политичари од Битола