Преконошка Пештера е пештера во источна Србија. Пештерата е оддалечена околу 5 километри од Сврљиг, во близина на селото Преконога. Пештерата се наоѓа на околу 700 метри надморска височина. Над влезот се наоѓа вертикален варовнички отсек, кој е висок околу 20 метри, а под него голем сипар кој се спушта сè до дното . Накитот во оваа пештера е многу разновиден и богат. Во Преконошката Пештера е откриено праисториско орудие, врз основа на што се заклучува дека во неа живееле пештерски луѓе.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Бараа богатство, уништија споменик на природата, Борис Субашиќ, Вечерње новости, 9 април 2017 година.
Категорија:Пештери во Србија