Катарина Вукомановиќ (родена 26 октомври 1990 година) е професионална српска одбојкарка која игра на позицијата либеро. Таа била дел од српската јуниорска репрезентација во 2007 година која го освоила златниот медал на Балканското првенство. Нејзин сегашен клуб е ЦСМ Трговиште.

Кариера Вукомановиќ била член на српската јуниорска репрезентација од 2006 до 2009 година. Таа била дел од тимот кој ги освоил сребрените и златните медали на Балканското првенство во 2006 и 2007 година. Нејзиното најзначајно достигнување како играч се случило во 2006 година кога ја освоила наградата за најдобро либеро на Балканското првенство.

Катарина била член на тимот кој се натпреварувал на Европското првенство 2008 година. На тоа првенство Србија завршила на 4то место.

Од 2002 до 2017 година играла за различни српски одбојкарски клубови. Својот прв натпревар во професионалната кариера го имала во 2002 година со клубот на Волеј Стар. По петте години минати во клубот, таа преминала да игра во екипата на Раднички кој се натпреварувал во европските купови во сезоните 2007/2008 и 2008/2009.

Во 2009 година, таа се приклучила на екипата на Визура од Белград, која учествувала во Европските купови во 2011 и 2012 година. Клубот се натпреварувал во Српската Суперлига и во 2011 година го освоил сребрениот медал или втората позиција.

Во 2012 година, Вукомановиќ преминала во клубот на Шаторот од Обреновац кој се натпреварувал во Европскиот куп за 2013 година. Таа со клубот освоила сребрени медали во Куповите на Србија во 2012 и 2015 година. Катарина останала во тимот 4 години, а потоа во 2016 година преминала во екипата на Црвена ѕвезда.

Во средината на 2017 година, заминала на Филипините за да се приклучи на клубот Фотон Торнадос кој настапувал во филипинската Супер лига. Клубот го освоил бронзениот медал на натпреварувањето во ГН на ПСЛ за 2017 година.

И во јануари 2018 година, Катарина останала во Манила за да игра уште една сезона во PSL во Фотон Торнадос. На крајот клубот завршил на 3-то место во лигата за ГН на PSL 2018 година. Таа година, Вукомановиќ ја освоила втората награда за најдобар либеро во лигата.

Кон крајот на 2018 година, Вукомановиќ заминала во Романија да се приклучи на екипата на ЦСМ Лугој, одбојкарски клуб кој играл во Дивизија А1. За овој клуб настапувала на позицијата либеро во сезоната 2018–19. Тимот на крајот на сезоната завршил на 5то место во лигата.

Во јули 2019 година, клубот на ЧСМ Трговиште од Дивизијата А1, објавил дека ја обезбедил услугата на Вукомановиќ за сезоната 2019–20.

Приватен живот Вукомановиќ средно училиште завршила во Земунската Гимназија. Магистрирала спорт и физичка култура на Универзитетот во Белград. Катарина од 2010 до 2015 година била професорка на Факултетот за спорт и физичко образование.

Клубови

Волеј Стар (2002–2007) Раднички (2007–2009) Визура од Белград (2009–2012) Шатор од Обреновец (2012–2016) Црвена ѕвезда (2016–2017) Фотон Торнадос (2017–2018) ЧСМ Лугој (2018–2019) ЧСМ Трговиште (2019–2020)

Признанија

Поединечни признанија

Балканско првенство 2006 „Најдобро либеро“ Гран-при на Филипините во Супер Лига 2018 „второ најдобро либеро“

Признанија во репрезентација

Освоено второ место на Балканско првенство 2006 – за играчи до 18 години со репрезентацијата на Србија (У-18) Освоено е Балканското првенство 2007 – Шампион, со Србија У-18

Клупски признанија

Српска Суперлига 2011 – второ место со клубот на Визура од Белград Куп на Србија 2012 – второ место, со клубот на Визура од Белград Куп на Србија 2015 – второ место, со Шатор од Обреновец Големата награда на Филипините во Суперлигата 2017 година – трето место со екипата на Фотон Торнадос Големата награда на Филипините во Суперлигата 2018 година – трето место со екипата на Фотон Торнадос

Наводи

Надворешни врски Профил на CEV

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Српски одбојкарки