Ѓорѓе Ивановиќ (роден во Вуковар, 20 ноември 1995) е српски фудбалер кој моментално настапува за составот на Олимпија од Љубљана. Кариера

Спартак Суботица

Почетоци Откако се преселил во Србија, Ивановиќ ја започнал својата кариера во помладите категории на екипата на ОФК Кикинда. Првите луѓе на Спартак Суботица во една прилика, кога настапувал со туѓа регистрација поради пар на картони, а на натпреварот постигнал два гола за својот тим. Во екипата на Спартак се преселил како средношколец и во младинскиот тим останал до крајот на 2012 годинa. На почетокот на следната година бил испратен како позајмен играч кај тогашниот четвртолигаш vo екипата на Бачка 1901. Во клубот останал до крајот на истата година, постигнувајќи 3 гола на вкупно 13 натпревари во српската лига на Војводина. Два гола постигнал против составот на Палиќ кога и бил прогласен за најдобар играч. Во меѓувреме, тој потпишал договор за стипендија со неговиот матичен клуб Спартак. Првата половина на 2014 ја поминал како позајмен играч во составот на Палиќ, а потоа бил префрлен во екипата на Сента на едногодишна двојна регистрација.} Во текот на првиот дел од сезоната, тој постигнал 7 гола на 15 натпревари,} а во продолжението имал уште два настапи за клубот.

Сезона 2014/15: влегување во првиот тим На почетокот на 2015 година, Ивановиќ се вратил во составот на Спартак, тренирајќи со првиот тим за време на зимската пауза. Потоа официјално му се приклучил на тимот каде тренер бил Петар Курќубиќ. Својот прв натпрвар го имал кога одиграл 90 минути на гостински терен кај составот на Раднички од Крагуевац, на 21 февруари истата година. Една седмица подоцна, Ивановиќ го постигнал својот прв гол, за победата од 1:0 против составот на ОФК Белград. Во наредното коло ги постигнал двата гола за својот тим во поразот од екипата на Младост од Лучани. Покрај трите гола што ги постигнал во пролетниот дел од сезоната, Ивановиќ имал и исто толку асистенции. Асистенциите ги имал против составот на Јагодина кога двапати му помогнал на соиграчот Немања Милиќ, и во последното коло против составот на Чукарички, кога му помогнал на Андреј Мркела да се запише во листата на стрелците. До крајот на сезоната, Ивановиќ играл на сите 15 лигашки натпревари со просечен резултат од 6,70.

Сезона 2015/16: професионален договор Во 2015 година Ивановиќ го потпишал својот прв тригодишен договор, а заедно со соиграчите Марко Јондиќ и Бранимир Јочиќ биле претставени на официјалната промоција. По тој повод го добил дресот со број 10 кој останал слободен по заминувањето на Милорад Балабановиќ од клубот. Во сезоната 2015/16 во српската Суперлига стартувал како прва опција во нападот со тренерот Стеван Мојсиловиќ, но по неколку воведни натпревари без постигнат гол се преселил на клупата за резервни играчи. Одиграл само еден натпревар во лигата и еден натпревар во Купот на Србија за период од месец септември до крајот на месец октомври. Набргу по заминувањето на тренерот Мојсиловиќ, новиот тренер Андреј Чернишов го вратил Ивановиќ во тимот. Својот прв гол сезоната го постигнал на натпреварот од 21то коло, против екипата на Нови Пазар, одигран на 12 декември 2015 година. До крајот на регуларниот дел од сезоната Ивановиќ најчесто се наоѓал на клупата за резервни играчи. Подоцна, во плејофот за опстанок, тој постигнал голови против екипите на Јавор, Металац и составот на Јагодина кога двапати ја погодил мрежата. Покрај петте гола што ги постигнал, забележал и две асистенции, едната против составот на Металац, а другата во последното коло од првенството против составот на Рад.

Сезона 2016/17: плејмејкер Откако клубот го сочувал местото во највисокиот ранг на српското фудбалско натпреварување, тренерот Чернишов во новата сезона го поставил Ивановиќ како стартен играч. Првиот гол во сезоната 2016/17 во српската Суперлига го имал во второто коло против екипата на Раднички од Ниш. До крајот на првиот дел од сезоната, тој постигнал уште два лигашки гола, едниот против тимот на Чукарички и вториот против составот на Нови Пазар. Својот прв гол во Купот на Србија го постигнал против екипата на Бачка од Бачка Паланка. Во текот на пролетниот дел од сезоната Ивановиќ дал гол против екипата на Црвена ѕвезда, кога го постигнал единствениот погодок за својата екипа на стадионот Рајко Митиќ. Подоцна бил прецизен против составите на Металац, Чукарички, и двапати на крајот на сезоната против екипата на Бачка. Претходно, во месец април 2017 година го продолжил договорот со клубот до летото 2019 година. Иако најчесто играл на крилните позиции, на левата или десната страна од теренот, во текот на сезоната, тренерот го користел на неколку натпревари како втор напаѓач.

Сезона 2017/18: капитен на тимот Со доаѓањето на Александар Веселиновиќ на чело на стручниот штаб во тимот на Спартак, Ивановиќ ја добил улогата на заменик капитен, што практично значело дека ќе го води тимот кога на теренот не би бил најискусниот поединец Владимир Торбица. Ивановиќ својот прв гол таа сезона го постигнал во второто коло на гостувањето кај составот на Борац од Чачак. Потоа постигнал гол три кола подоцна во натпреварот против составот на Мачва. Во два последователни натпревари, против составот на Војводина во седмата и против екипата на Напредак во осмата седмица од првенството, Ивановиќ постигнал по два гола, што резултирало со негово прогласување за играч на колото во Српската Суперлига. До крајот на 2017 година, односно во првиот дел од натпреварувањето за сезоната 2017/18, Ивановиќ на 21 првенствен натпревар постигнал 11 голови и реализирал вкупно 5 асистенции. Според изборот на тренери и играчи на сите тимови, Ивановиќ бил прогласен за најкорисен играч на домашното првенство во првиот дел од сезоната. На крајот на годината, му била доделена наградата за играч на годината за екипата на Спартак, за изминатите 12 месеци.

Партизан По неколкудневни интензивни преговори меѓу двата клуба, трансферот на Ивановиќ во составот на Партизан договорен на 22 јануари 2018 година, при што во наредните утрински часови го потврдил и самиот играч. Вредноста на трансферот се проценува на 400 илјади евра, како и 20 проценти од наредниот евентуален трансфер. Во текот на денот, Ивановиќ потпишал четиригодишен договор во составот на Партизан, а на официјалната промоција во новиот клуб го добил дресот со број 18. Првиот натпревар за составот на Партизан Ивановиќ го имал во Лигата на Европа на 15 февруари 2018 година, заменувајќи го Сејдуба Сума во 71 минута од натпреварот против составот на Викторија од П’лзењ.

Репрезентација Поради откажување и поштеда на голем број стандардни репрезентативци, вршителот на должноста селекторот на Србија, Младен Крстајиќ, го поканил Ивановиќ во средината на месец ноември 2017 година на азиската турнеја. Својот прв натпревар го одиграл во пријателскиот дуел против репрезентацијата на Јужна Кореја, заменувајќи го Адем Љајиќ во 90та минута.

Начин на игра Ѓорѓе Ивановиќ е играч висок 179 сантиметри кој може да ги исполни барањата на сите офанзивни позиции. Во текот на својата кариера, играл на позицијата како најистурен напаѓач, полунапаѓач на позициите крило, но исто така и како преден сврзувачки играч. Тренерот на Спартак, Александар Веселиновиќ, во есенскиот дел од сезоната 2017/18 го користел Ивановиќ како организатор на играта, односно втор напаѓач во пар со соиграчот Немања Николиќ.

Како тренер на белградски Партизан, Саво Милошевиќ најчесто го користел Ивановиќ на левата страна во офанзивниот дел, на почетокот на натпреварувачката сезона 2019/20. Во тој период, како и на претходните подготовки, во летото 2019 година, најчесто бил заменуван од соиграчот Филип Стевановиќ, а подоцна на тоа место шанса добил и Такума Асано. Ивановиќ играл во првото полувреме на натпреварот против составот на Напредак во Крушевац. Во 4 коло од српската Суперлига, Ивановиќ одиграл веднаш зад најистурениот Огњен Ожеговиќ, но во продолжение на натпреварот наместо него во игра влегол играчот Сејдуба Сума. По нерешениот натпревар, новинарот на порталот Моцартспорт, Дејан Станковиќ, во анализата на играта на составот на Партизан, го оценил Ивановиќ како фудбалер на кој му треба простор, и дека неговата игра не доаѓа до израз доколку противничкиот тим игра повлечено и дефанзивно.

Статистика

Клупска статистика

Ажурирано на 23 мај 2018 година

Репрезентација Србија Години Натпревар Голови 2017 година 1 0 Вкупно 1 0

Приватен живот Ѓорѓе Ивановиќ е роден во градот Вуковар, осум дена по потпишувањето на Ердутскиот договор. Ивановиќ во градот Вуковар со своето семејство живеел до својата втора година како припадник на српската етничка заедница. Семејството Ивановиќ потоа се преселило во Србија и се населило во местото Мокрин. Бидејќи неговите родители биле прогласени за технолошки вишок во леарницата, каде што биле вработени, Ѓорѓе морал да се грижи за семејството откако станал професионален фудбалер. Неговиот постар брат Дејан аматерски се занимавал со фудбал.

Награди и признанија

Партизан

Освоен е Купот на Србија (2): 2017/18, 2018/19.

Поединечни признанија

Најкорисен играч во Српската Суперлига: 2017/18. (првиот дел од сезоната) Најдобар играч на екипата на Спартак од Суботица: 2017 година 

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Српски фудбалери Категорија:Срби во Хрватска Категорија:Луѓе од Вуковар Категорија:Родени во 1995 година Категорија:Живи луѓе