мини|Ѓуричиќ со Андерлехт во 2016 година Филип Ѓуричиќ (роден на 30 јануари 1992 година) е професионален српски фудбалер кој игра на позицијата како офанзивен играч за врска. Моментално игрс во италијанскиот клуб Сасуоло, но и за репрезентацијата на Србија.

Клупска кариера

Почетна кариера Ѓуричиќ започнал да игра фудбал во локалниот тим на Обреновац 1905, пред да се приклучи на младинскиот тим на Црвена ѕвезда од Белград. Во 2007 година, тој заминал во Грција и одиграл една сезона во екипата на Олимпијакос. По Олимпијакос, се вратил во неговиот роден град и играл за клубот на Раднички од Обреновац, кој настапувал во третолигашката српска лига Белград (15 натпревари и 3 гола во сезоната 2008-09 ). Подоцна во јануари 2010 година преминал во СЦ Херенфен. Првиот свој натпревар за тимот РКЦ Валвијк го одиграл на 20 февруари кога имал и една асистенција.

Бенфика На 23 февруари 2013 година, било потврдено дека Ѓуричиќ, заедно со неговиот сонародник Миралем Сулејмани, ги поминале медицинските тестови и се обврзале на петгодишен договор со екипата. Летото 2013 година португалскиот клуб потрошил 6 милиони евра за да ги обезбеди неговите услуги. Една недела подоцна, клубот на Бенфика открил дека договорот што го потпишал Ѓуричиќ содржел ослободителна клаузула (секој клуб кој би сакал да го доведе во сопствените редови ќе морал да ѝ исплати на Бенфика) која го проценува на 40 милиони евра. Ѓуричиќ, својот прв натпревар за тимот на Бенфика го одиграл на 18 август 2013 година, кога го постигнал својот прв гол против тимот на Андерлехт во Лигата на шампионите на УЕФА.

Позајмувања Во тимот на Бенфика бил ретко користен, па затоа на 23 јули 2014 година Ѓуричиќ бил позајмен на екипата на 1.ФСВ Мајнц 05 (Мајнц) за времетраење од една сезона, со опција за трајно преселување за сума од 12,5 милиони евра. Својот прв натпревар за екипата на Мајнц го имал на 15 август 2014 година во натпреварот од германскиот куп против екипата на Кемницер ФК. На 2 февруари 2015 година, Ѓуричиќ бил позајмен на премиерлигашот Саутемптон и тоа до крајот на сезоната. На 25 јануари 2016 година, преминал во белгискиот клуб Андерлехт како позајмен играч до месец јуни.

Сампдорија Откако првично се приклучил на тимот на УЦ Сампдорија како позајмен играч до крајот на сезоната 2016-17, во летото 2016 година, Ѓуричиќ потпишал во јануари 2017 година подолготраен договор. Неговиот договор со Сампдорија истекол во летото 2018 година.

Сасуоло Кон крајот на јуни 2018 година, Ѓуричиќ потпишал четиригодишен договор со екипата на Сасуоло од Калчо лигата. Во октомври 2019 година, неговата форма многу се подобрила под водство на тренерот Роберто Де Зерби. Постигнал гол на 20 октомври 2019 година во поразот од Интер со 3:4. Тој постигнал уште еден гол, пет дена подоцна во победата со резултат од 1:0 против екипата на Хелас Верона.

Репрезентација Ѓуричиќ за прв пат настапил за српската репрезентација на 29 февруари 2012 година, на пријателски натпревар против селекцијата на Кипар. На 11 септември 2012 година, тој го постигнал својот прв гол за сениорската селекција на неговата земја против репрезентацијата на Велс во квалификациите за Светското првенство во ФИФА 2014 година.

Приватен живот На 3 ноември 2020 година, Ѓуричиќ бил позитивен на тестот за СОВИД-19 среде големата пандемија во Италија. На 16 ноември, закрепнал од истиот вирус.

Статистика во кариерата

Клупска статистика

КлубСезонаЛигашки натпревариНационален купЛига купКонтинентални натпревариДруги натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиРаднички од Обреновац2008–09Српска лига Белград153————153Херенфен2009–10Ередивизија9100—0000912010–11Ередивизија24210—00002522011–12Ередивизија341053—000039132012–13Ередивизија32711—42003710Вкупно992074—420011026Бенфика2013–14Примеира Лига110302161002222015–16Примеира Лига100010000020Вкупно12030316100242Мајнц 05(како позајмен играч)2014–15Бундеслига11010—00—120Саутемптон (како позајмен играч)2014–15Премиер Лига900000——90Андерлехт(како позајмен играч)2015–16Белгија Про Лига17100—3000201Сампдорија2016–17Серија А19020———2102017–18Серија А1010———20Вкупно20030———230Беневенто(како позајмен играч)2017–18Серија А15000———150Сасуоло2018–19Серија А23220———2522019–20Серија А29510———3052020–21Серија А32510———3352021–22Серија А9200———92Вкупно931440———9714Вкупно во кариерата29138184311330032546

Меѓународна (репрезентативна) статистика

Србија Година Натпревари Голови 2012 година 8 2 2013 година 7 2 2014 година 4 0 2015 година 3 0 2016 година 2 0 2017 година 0 0 2018 година 0 0 2019 година 1 0 2020 година 4 0 2021 година 5 0 Вкупно 34 4

Резултатите во првата колона се постигнати голови на репрезентацијта, а резултати во втората колона се постигнати голови на играчот за селекцијата на Србија.

Број Датум Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар 1. 11 септември 2012 година Стадион Караѓорѓе, Нови Сад, Србија 3–1 6–1 Квалификации за Светското првенство на ФИФА 2014 година 2. 14 ноември 2012 година Кибунпарк, Сент Гален, Швајцарија 3–0 3–1 Пријателски 3. 26 март 2013 година Стадион Караѓорѓе, Нови Сад, Србија 1–0 2–0 Квалификации за Светското првенство на ФИФА 2014 година 4. 2–0

Признанија Бенфика

Освоена е Примеира лигата: 2013–14 Освоен е купот на Португалија Тача де Португалија: 2013–14 Освоен е лига купот Тача де лига: 2013–14

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Андерлехт Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Српски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1992 година