Белградската тврдина е едно од најстарите утврдувања во Србија, чија изградба е поврзана со крајот на старата и почетокот на новата ера и со престојот на Римјаните на овие простори.
Белградската тврдина укажува на тоа дека секое поединечно утврдување, како и комплексот во целина, е дел од историскиот мозаик кој постепено се појавува во различни епохи на градба.
Белградската тврдина е составена од Горен и Долен град и паркот Калемегдан (Голем и Мал Калемегдан) на сливот на реките Сава и Дунав, во урбана област на модерен Белград, Србија. Сместена е во белградската општина Стари Град. Белградската тврдина била прогласена како Споменик на културата од исклучително значење во 1979 година и е заштитена од Република Србија. Таа претставува најпосетувана туристичка атракција во Белград, а Скадарлија е втора. Влезот во тврдината е бесплатен, и се проценува дека вкупниот број на посетители (странци, домашни, белграѓани) е над 2 милиони годишно.
Локација Белградската тврдина е изградена на белиот гребен на геолошката лента Шумадија. Грбенот кој личи на карпа гледа на Голем Воен Остров и се наоѓа над вливот на реката Сава во Дунав, што го прави еден од најубавите природни видиковци во Белград. Се граничи со населбите Дорчол (север и сесевероисток), Стари Град (исток) и Косанчиќев Венец. Ограничен е со 3 улици: Булевар Војвода Бојовиќ, Тадеуш Кошќушко, Париска, плус железничката пруга покрај брегот на реката.
Историја
Класична антика Белградската тврдина е јадрото и најстариот дел од урбаното подрачје на Белград. Векови наназад, градското население најчесто било концентрирано само во ѕидините на тврдината. Градот за првпат се споменува кога бил основан во 3 век п.н.е. како „Сингидунум“ од келтското племе Скордиски, кое ги победило тракиските и дакиските племиња кои претходно живееле во и околу тврдината. Градот-тврдина бил освоен од Римјаните, познат како Сингидунум и станал дел од таканаречената „воена граница“, тоа било место каде Римското Царство се граничело со „варварска Средна Европа“. Сингидунум го бранела римската легија IV Флавија.Оваа легија изградила логор на еден рид на сливот на реките Дунав и Сава. Во периодот помеѓу 378 и 441 наша ера римскиот камп бил постојано уништуван во нападите од страна на Готите и Хуните. Легендата вели дека гробот на Атила лежи на сливот на Сава и Дунав (под тврдината). Во 476 година Белград повторно станал граница меѓу царствата: Западното Римско Царство и Источното Римско Царство (Византија) и Словенско-аварската држава на север.
Утврдувањето на Келтите било примитивно, сместено на врвот на гребенот Теразије, над вливот на Сава во Дунав. Келтите живееле во мали, отворени населби околу тврдината, наречени Опидуми. Некои историчари сметаат дека Келтската тврдина била блиску до некрополите во Карабурма и Роспи Ќуприја. Келтските населби се дел од латенската култура.
Оригиналниот воен логор веројатно бил окупиран од војниците од Легија VIII на Август од 46 н.е. до 69 година. Раниот Сингидунум го достигнал својот најголем развој со доаѓањето на Легија IV Флавија Феликс, која бил пренесена во градот во 86 н.е. и останала таму до средината на 5 век. Легија IV поттикнала изградба на каструм (тврдина) во форма на квадрат, која го окупирала Горниот град на денешната тврдина. Со изградба се започнало на крајот на 2 век од нашата ера бидејќи од раните 100-ти години, Легија IV Флавија Феликс станала трајно стационирана во Сингидунум. Тврдината била поставена на земјени бедеми и дрвени палисади, но набргу потоа била утврдена со камен како прва камена тврдина во историјата на Белград. Остатоците можат да се видат денес во близина на североисточниот агол на акрополата. Легијата изградила и понтонски мост над Сава, поврзувајќи го Сингидунум со Таурунум.
Каструмот бил правоаголен, имал високи ѕидови, изградени од бел варовник Ташмајдан и распослани на просторот од 16 до 20 хектари, обликуван како неправилен правоаголник (приближно 570 на 330 метри). Каструнот се наоѓал таму каде што денеска се Горниот Град и паркот Калемегдан. мини|200x200пкс| Стамболска порта.
Среден век Византискиот цар Јустинијан I повторно ја обновил тврдината околу 535 година. Во вековите потоа тврдината претрпела континуирано рушење и уништување под опсадите на Аварите. Словените (Србите) и Аварите имале свој „државен сојуз“ северно од Белград со Србите и другите словенски племиња кои конечно се населиле во белградската област, како и регионите западно и јужно од Белград во почетокот на VII век. Името Белград, што значи „бел град“ или „бела тврдина“, првпат е споменато во 878 година од нашата ера од страна на Бугарите. Тврдината постојано ги менувала своите господари: Бугарија била господар во текот на три века, а потоа Византијците и потоа повторно Бугарите. Тврдината останала византиско утврдување до 12 век кога паднала во рацете на новата српска држава. Станала пограничен град на Српското Кралство, подоцна империја со Унгарија. Унгарскиот крал Бела I ја дал тврдината на Србија во 11 век како свадбен подарок (неговиот син се оженил со српската принцеза Јелена), но таа практично останала дел од Унгарија, освен во периодот 1282–1319 година. мини|200x200пкс| Портата Зиндан Со распаѓањето на српската држава по Косовската битка, Белград бил избран за главен град на деспотот Стефан Лазаревиќ во 1402 година. Долниот град на бреговите на Дунав бил главниот центар со новоизградена православна катедрала. Горниот град со својот замок го бранел градот од внатрешноста. Станувајќи голем трговски и културен центар, Белград станал значаен имиграциски град, со имигранти кои се доселувале од другите делови на Србија, Дубровник, Бугарија, Унгарија, Германија, Италија и Венеција. Населението бележело голем развој , па долниот град на тврдината, кој бил најпрометен морал значително да биде проширирен.
Белград бил под српска власт речиси 100 години. По смртта на деспотот во 1427 година, Белград бил повторно под власт на Унгарија. Обидот на османлискиот султан Мехмед II во 1456 година да ја освои тврдината, бил спречен од Јанош Хуњади (Опсада на Белград), спасувајќи ја Унгарија од отоманската доминација 70 години.
Рана современа историја Во 1521 година, 132 години по битката за Косово, тврдината, како и повеќето делови на српската држава, била освоена од Турците и останала под власта на Отоманското Царство до 1867 година, кога Турците се повлекле од Белград и Србија. За време на краткиот период на австриското владеење (1718–1738), тврдината во била обновена и модернизирана. Ова сведочеше за Големата српска преселба во 17 век и двете српски востанија во 19 век, за време на турскиот период. лево|мини|200x200пкс| Внатрешна порта на Стамбол За време на австриската окупација на северна Србија 1717–39 година, во Белград биле основани неколку болници. Градската болница Свети Јован била изградена во ѕидините на тврдината, но нејзината точна локација не е позната. Царот Карло VI го потпишал градскиот статут на Белград во 1724 година („Проглас за организирање на германски Белград“), во кој се споменуваат градската болница и градската аптека. Германската општина имала ниски приходи, па морала да бара помош и добродетел од државата. Болницата се споменува во Пописот од 1728 година. Таа била болница до 1719 година, подоцна станала резиденција на Томас Бергер, шеф на болницата. По неговата смрт, неговата ќерка продолжила да живее во зградата. Болницата била преместена на друга локација, во новоизградена зграда во 1724 година. До неа била изградена мала црква. Оваа нова болница била прилично мала, со само 2 соби, кујна и подрум, и воопшто не личела на старата градска болница.
Лазарет или карантинската болница не е спомената во документите, но може да се претпостави дека таа морала да биде изградена за време на вирусните епидемии, како што било вообичаено во тоа време. Постапката во случај на епидемии веројатно била слична на процедурата во Будим, главниот град на Унгарија. Неидентификувана болест го опустошила Белград во 1730 година. Вирусната епидемија била причина за смрт на многу луѓе. Во периодот на две недели, само Језуитите закопале 220 луѓе и самите изгубиле 3 мисионери. Исклучително масовната епидемија на чума го погодила градот во октомври 1738 година. Додека австриската војска се повлекувала пред Турците, бројни цивили побегнале во тврдината, многу од нив биле заразени. Многу луѓе биле заробени во тесен простор, тријажата не била можна, па чумата брзо се проширила. Според некои извештаи мртвите лежеле по улиците со денови бидејќи немало кој да ги погреба. Австрискиот гарнизон бил десеткуван, а телата на војниците кои загинале од чума биле запалени со нивните лични предмети. десно|мини|300x300пкс| Јакшиќовата кула Откако Австрија ја изгубила Австро-турската војна од 1737–1739 година, северна Србија, вклучувајќи го и Белград, била вратена на Турците. Во една од одредбите на Белградскиот договор од 1739 година било наведено дека Австрија морала да ги урне сите утврдувања и воени и цивилни згради што ги изградила за време на окупацијата. Многу барокни згради биле урнати во рамките на тврдината. Меѓутоа, Австрија не ги урнала зградите надвор од ѕидините на тврдината. На тој начин преживеала куќата на улицата Цар Душан бр. 10, изградена 1724–1727 година, во населбата Дорчол, која денес е најстарата куќа во Белград.
Со избувнувањето на чумата во 1837 година за малку ќе дојдело до војна меѓу владејачкиот кнез Милош Обреновиќ и Османлиите.Чумата започнала во Отоманската Империја во 1836 година, која во тоа време немала никакви медицински протоколи, а принцот Милош ги блокирал границите веднаш воведувајќи задолжителен карантин. Група инфицирани од чума на пат кон Белград биле запрени на границата во Алексинац и ставени во карантин, но поголемиот дел од нив избегале и продолжиле за Белград, кон ширењето на епидемијата и на крајот стигнале до тврдината во пролетта 1837 година. Кнезот наредил целосна и силна опсада на тврдината.Опсадата била успешна бидејќи чумата никогаш не се проширила во Белград.
Четири надворешни градски порти, со соседните ѕидови и бедеми биле урнати од 1862 година (портите Сава, Видин и Варош) до 1866 година (Стамболска порта). Откако Османлиите целосно ја евакуирале внатрешната тврдина во 1867 година, српските трупи ја презеле власта,Србија требало само да „управува со неа“ и не била призната како сопственик на тврдина од соседна Австроунгарија . Првиот одред српски војници, под команда на полковникот Светозар Гарашанин, церемонијално ги заменил отоманските гардисти на 18 април 1867 година. Првата акција на српските власти, само 5 дена по заминувањето на Османлиите во април 1867 година, била да ја обноват црквата Ружица.
По повлекувањето на Османлиите, весниците во Австроунгарија континуирано објавувале стории, поддржани од воени експерти, дека тврдината е стратешки застарена и дека, немајќи никаква вредност, австриската војска можела да ја уништи за 24 часа. Во есента 1867 година граѓаните биле разбудени од силниот артилериски оган. Владејачкиот принц Михајло Обреновиќ испратил два баталјони до тврдината и им наредил да пукаат кон ѕидот на тврдината каде што се наоѓал стариот дрвен мост. 300 топови Де Банге ја гранатирале тврдината во текот на целиот ден. Останало нејасно зошто принцот го наредил тоа: решил целосно да ја урне тврдината, бидејќи таквите приказни се рашириле меѓу граѓаните; сакал да им покаже на Австријците дека тврдината имала свои вредности и важност и дека не можела да се уништи за еден ден (и покрај сите гранатирања, само 15 метри на бедемот се уништени); или едноставно го направиле тоа за инает на Австријците. Гранатирањето ги вознемирило и граѓаните на Земун, преку Сава, која во тоа време била дел од Австроунгарија, а некои од гранатите кои ја промашиле целта погодиле австроунгарска почва, па царската влада испратила официјална дипломатска нота до Србија., протестирајќи против гранатирањето и потсетувајќи го принцот дека е само „чувар“ на тврдината.