мини Радојко „Ради“ Аврамовиќ (роден на 29 ноември 1949 година) е поранешен српски фудбалски тренер кој играл за репрезентацијата на Југославија на позицијата голман. Тој бил поранешен селектор на репрезентацијата на Сингапур и репрезентацијата на Мјанмар. Од јули 2019 година, тој бил назначен за тренер на Хоум Јунајтед.

Аврамовиќ ги прекинал студиите по право цели две години за да стане фудбалер. Играчката кариера ја започнал во ФК Борац од Чачак во Втората југословенска лига во далечната 1969 година. Во 1974 година потпишал за југословенскиот прволигаш ХНК Риека. Како победник на Купот на Југославија 1977–78 со екипата на Риека, тој играл во Купот на победниците на куповите 1978–79 на европско ниво. Го одиграл својот единствен меѓународен натпревар со репрезентацијата на Југославија во натпревар од Балканскиот куп против Грција и тоа на 15 ноември 1978 година. Тој бил избран од тренерот на Нотс Каунти, Џими Сирел, и подоцна потпишал договор со клупски рекорд од вкупно 200.000 фунти. Во 1979 година, па и подоцна, Аврамовиќ бил еден од најдобрите играчи на клубот. Тој придонел со вкупно 16 голови кога клубот на Нотс Каунти бил промовиран во тим од Првата дивизија. Тоа се случило во 1981 година или по цели 54 години од својата историја на постоење.За овој клуб Аврамовиќ одиграл 167 натпревари пред да се пресели во екипата на Ковентри Сити во сезоната 1983-1984. Во 1984 година, Аврамовиќ се вратил во Југославија и тоа во екипата на ОФК Београд каде ја одиграл својата последна сезона, помагајќи им да ја освои титулата во Втората источна дивизија. Потоа тој се пензионирал како играч на 35-годишна возраст.

Аврамовиќ од 1993 до 1998 година бил на чело на тимовите од сениорската лига во Оман. Во август 1998 година, тој бил назначен за помошник тренер на репрезентацијата на Кувајт, а како тренер на нивниот олимписки тим една година подоцна. Го водел тимот до 23 години низ азиските квалификации, па сѐ до Летните олимписки игри 2000 година. По заминувањето на Берти Фогтс во февруари 2002 година, Аврамовиќ ја презел функцијата национален селектор на репрезенатцијата на Кувајт. Тој го предводел сениорскиот тим до нивната прва титула на западноазиските игри во април, а тимот до 23 години до четврт-финалето на Азиските игри 2002 година во октомври. Во четврт финалето Кувајт загубил со резултат од 0:1 од подоцнежните освојувачи на сребрениот медал, репрезентацијата на Иран. Неговиот договор сепак бил раскинат во декември по лошиот настап на Купот на Арапските нации во 2002 година. Тој подоцна го предводел тимот на Оман Мускат клуб до титулата во Оманската лига 2002-03. Во овој клуб останал шест месеци до февруари 2003 година. Во јули 2003 година, Аврамовиќ бил претставен како тренер на репрезентацијата на Сингапур. Тој успеал да го донесе Сингапур до нивната прва меѓународна титула во фудбалското првенство на АСЕАН во 2004 година. Истиот успех со репрезентацијата на Сингапур го постигнал и во 2007, како и во 2012 година. По една деценија помината во Сингапур, Аврамовиќ се откажал од селекторската функција во декември 2012 година. Во февруари 2014 година, тој бил назначен за селектор на репрезентацијата на Мјанмар.

Во јули 2019 година, тој се вратил во Сингапур како главен тренер на екипата Хоум Јунајтед. Но, подоцна поради дијагностицирањето на болеста рак на бели дробови ја завршил својата тренерска кариера.

Клупска кариера Аврамовиќ ја започнал својата играчка кариера со југословенскиот клуб од Втората лига ФК Борац од Чачак во 1969 година, откако ги прекинал студиите по право. Бидејќи тој не сакал да игра со глава, бил прекомандуван од централната одбранбена позиција на голманската позиција. Со клубот на Борча ја освоил титулата во Втората лига Источна Дивизија 1972-1973 година. Во 1974 година, тој потпишал за првиот лигашки клуб ХНК Риека од Риека, каде што одиграл вкупно 119 лигашки настапи и го освоил Купот на Југославија 1977-78. Како победник на Купот, Риека се квалификувала за Купот на победниците на куповите 1978–79. Во првото коло, Риека го победила велшкиот клуб Рексам со резултат 3:2 на двата натпревари и се пласирал во следната рунда. Риека одиграла нерешено против белгискиот тим КСК Беверен во второто коло на домашен терен и по нерешениот натпревар без голови во домашниот натпревар Риека примила два гола во реваншот и испаднала од натпреварувањето со вкупен резултат 0:2.

Во 1978 година, Фудбалскиот сојуз го укинала ограничувањето за странски играчи во фудбалската лига. Аврамовиќ бил избран од менаџерот на Нотс Каунти , Џими Сирел, кој тврдел дека нашол „голман кој ќе ги задржи во Втората дивизија “ и го убедил неговиот претседател Џек Данет да плати рекордни за тоа време 200.000 фунти за неговиот трансфер. Сирел го земал Аврамовиќ под своја лична заштита, а подоцна го сметал за еден од неговите најдобри играчи. На почетокот на кариерата во Нотс Каунти, Аврамовиќ ги честел сите нови соиграчи купувајќи им пијалак како пријателски гест. Еден локален репортер го видел тоа и напишал во својот напис во локалниот весник за тоа дека Аврамовиќ е „чарли на новото време“. Следниот пат кога истиот репортер отишол во Медоу Лејн, Сирел физички го нападнал и го исфрлил од просториите поради лошиот напис во весникот за својот фудбалер. На 4 август 1979 година, тој го одиграл својот прв натпревар за клубот против екипата на Менсфилд Таун во квалификациите за англо-шкотскиот куп. Својот прв натпревар во лигата го одиграл против тимот на Кардиф Сити на 18 август, при што неговиот тим славел победа од 4:1. Страчките (како што популарно го нарекуваат тимот на Нотс Каунти) завршиле на 17-то место во лигата во таа сезона, но стигнале до промоција во Првата дивизија со освојувањето на второто место во сезоната 1980-1981. Во првата сезона од враќањето на клубот во првата лига по 54 години, Аврамовиќ играл на сите 42 лигашки натпревари. Таа сезона Нотс Каунти го победил тимот на Арсенал со резултат од 2:1 и исто така го победиле бранителот на титулата тимот Астон Вила со резултат од 1:0. Аврамовиќ во вкупно четири сезони за клубот одиграл 167 натпревари.

Во 1983 година, Аврамовиќ заминал за Канада за да игра за екипата на ФК Интер-Монтреал. Но, по кратко менаџерот на Ковентри Сити, Боби Гулд го убедил да им се приклучи во Првата дивизија 1983-84. Тој го одиграл својот прв натпревар во победата со 2:1 на стадионот Хајфилд Роуд над екипата на Лестер Сити. Аврамовиќ ја загубил стартната позиција на голман по голем број на голмански грешки. Таква грешка се случила против тимот на Стоук Сити. Гулд изјавил дека нема повторно да го постави Аврамовиќ на голот во интервјуто по натпреварот. По неуспехот во клубот, Аврамовиќ во 1984 година се вратил во Југославија во тимот на ОФК Белград. Таа година со тимот ја освојува титулата во југословенската Втора лига источна дивизија. Таа сезона му била една и единствена во клубот, но и последна во неговата кариера по што одлучува да се пензионира на 35 годишна возраст.

Репрезентација Аврамовиќ го одиграл својот единствен натпревар со репрезентацијата на Југославија на 15 ноември 1978 година. Тој го одиграл целиот натпревар во кој репрезентацијата на Југославија ја победила репрезентацијата на Грција со 4:1 во Балканскиот куп.

Статистика во кариерата

Клуб КлубСезонаЈугославијаЈугословенски купЕвропски натпревариВкупноЛигаНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиНатпревариГоловиФК Борац Чачак1969–70Втора лига - - - -——001970–71Втора лига - - - -——001971–72Втора лига - - - -——001972–73Втора лига - - - -——001973–74Втора лига - - - -——001974–75Втора лига - - - -——00Вкупно0000000000ХНК Ријека1974–75Прва лига50———501975–76Прва лига16010——1701976–77Прва лига34020——3601977–78Прва лига31050——3601978–79Прва лига32060—404201979–80Прва лига1000—0010Вкупно119014000401370КлубСезонаАнглијаФА купЛига купЕвропски натпревариВкупноНотс Каунти1979–80Втора дивизија3300020—3501980–81Втора дивизија3801060—4501981–82Прва дивизија4200020—4201982–83Прва дивизија3602050—410Вкупно149030150001670Ковентри Сити1983–84Прва дивизија1804020—240Вкупно180402000240КлубСезонаЈугославијаЈугословенски купЕвропски натпревариВкупноОФК Белград1984–85 Втора лига250 - -——250Вкупно250000000250Вкупно во кариерата3110210170403530 Навод

Репрезентација Репрезентација на Југославија Година Натпревари Голови 1978 година 1 0 Вкупно 1 0 Навод:

Признанија на играчот ФК Борац Чачак

Освоена е Југословенска втора лига Источна дивизија: 1972–73

ХНК Риека

Освоен е Куп на Југославија: 1978, 1979 година Победници на Балкански куп: 1978 година

Каунти Нотс

Промоција во втора дивизија: 1980–81

ОФК Белград

Освоена е Југословенска втора лига Источна дивизија: 1984–85

Поединечни успеси

Прогласен од Нотс Каунти ФК Играч на сезоната: 1983 година

Тренерска кариера

Почетните години Аврамовиќ се преселил во Азија во 1991 година. Тој бил поставен да ги води тимовите од сениорската група на Оман од 1993 до 1998 година. Во август 1998 година, тој бил назначен за помошник тренер на Кувајт, а како тренер на нивниот олимписки тим една година подоцна. Тој го водел олимпискиот тим низ азиските квалификации до Летните олимписки игри 2000 година. По заминувањето на Берти Фогтс во февруари 2002 година, Аврамовиќ ја презел функцијата селектор на Кувајт. Тој го предводел сениорскиот тим до нивната прва титула на западноазиските игри во април, а тимот до 23 години до четврт-финалето на Азиските игри 2002 година во октомври, кои загубиле со 1-0 од евентуалните сребрени медалисти Иран. Сепак, неговиот договор бил раскинат во декември, кога домаќинот Кувајт не успеал да стигне до полуфиналето на Купот на Арапските нации во 2002 година. Од февруари до јули 2003 година, тој бил тренер на оманскиот клуб Мускат кој успеал да стигне до титулата во Оманската лига 2002-03.

Сингапур Во декември 2002 година, Сингапур не успеал да ја постигне својата цел да стигне до финалето на Купот на Тајгер во 2002 година. Резултатите вклучувале пораз од 4:0 од традиционалниот ривал репрезентацијата на Малезија и тоа на Националниот стадион. Сингапур испаднал од натпреварувањето и тоа со помалата гол-разлика во групната фаза. По овие резултати тренерот Јан Б. Поулсен бил отпуштен и по шест месеци пребарување, Аврамовиќ бил назначен за тренер на Сингапур на сениорите и до 23 години тимовите, на договор за две и пол години во јули 2003 година. Фудбалската федерација на Сингапур ФАС му поставила цел да се квалификува со Сингапур на Азискиот куп во 2004 година, како и да стигне до финалето на Купот на Тигар во 2004 година. Дополнителна задача била да се освојат и Игрите на Југоисточна Азија во 2005 година. Аврамовиќ го презел водството на репрезенатацијата и на својот прв натпревар во август постигнал победата од 4:1 на меѓународниот пријателски натпревари против репрезентацијата на Хонгконг. Лавовите (популарно нааречени играчите на репрезентацијата на Сингапур) ги започнале квалификациите за Азискиот куп во 2004 година со два порази од поранешната репрезентација на Аврамовиќ, тимот на Кувајт во месец септември. Своите први бодови Сингапур ги освоил со победа и нерешен резултат со тимот на Палестина. Поразот со 2-0 од Катар во ноември ги уништил нивните надежи за пласман во финалето. Аврамовиќ по поразот и неуспехот истакнал дека треба да се стави акцент на развивање и оспособување на повеќе млади играчи во државната репрезентација.