„Под југословенското небо” () е прв звучен југословенски филм од 1934 година.Туристички филм Краљевине Југославије („Данас”, 19. децембар 2012) Автор на сценариото и режијата е Миодраг Мика Ѓорѓевиќ, еден од пионерите на седмата уметност на овие простори.
За филмот
„Под југословенското небо” е снимен како долгометражен туристички и документарен филм во продукција на „Југословенски просветен филм". Составен е од низа филмски вињети на који се претставени природните убавини и општеството во Југославија. Музиката за филмот ја направил композиторот Станислав Бинички. Филмот бил снимен на бројни локации од Охрид до Блед и од Ѓердап до Јадран. За цел туристичка промоција на земјата филмот бил прикажуван во Франција и Чехословачка. Куриозитет во филмот претставува првата тонска снимка на југословенскиот крал Александар, кој во филмот му посакал добредојде на чехословачкиот министер за надворешни работи.
Наводи
Категорија:Југословенски филмови