Пештерска Висорамнина (исто така познато само како Пештер) — карстна висорамнина со (со надморска височина од 1150-1250) која се наоѓа во југозападниот дел на Србија, југоисточно од Сјеница и северозападно од Тутин. Пештерската Висорамнина е извор на тресет, кој со својот биопотенцијал припаѓа на најквалитетниот тресет, како во Европа, така и во светот. Таа е богата со полиња за пасење на овци (областа е позната по производи кои доаѓаат од пештерско-сјеничките овци или пештерско-тутинските овци, како што е пештерското сирење). На Пештерската Висорамнина се простира и Пештерското Поле (на надморска височина од 1150) со површина од 63 км2. Пештерската Висорамнина содржи голем број на подземни реки, од кои најголема е Боровштица. Населението го сочинуваат Бошњаци и Срби, а има и Албанци на крајниот исток од областа (кон Косово и Метохија).

Археолозите од Музејот Рас во 2013 година пронашле остатоци од старословенски храмови на Пештерската Висорамнина.Старословенски храм на српском Тибету („Вечерње новости“, 2. новембар 2013)

Галерија

Поврзано

Златиборски Управен Округ Рашки Управен Округ Рашка (регион)

Наводи

Надворешни врски Списание за национална географија, култура и традиција - Србија плус Патопис од Пештерска висорамнина, Зоран Шапоњиќ Пештерско плато, пештера

Категорија:Планини во Србија Категорија:Географија на Србија