Чарлс Едвард Андерсон Бери (англ:Charles Edward Anderson Berry; Сент Луис 18 октомври 1926 г – Сент Чарлс 18 март 2017 година) - американски пејач, текстописец и гитарист кој беше пионер на рокенролот. Наречен „Татко на рокенролот“, тој го усовршил и развил ритамот и блузот во основните елементи кои го карактеризираат рокенролот со песните како што се Maybellene (1955), Roll Over Beethoven (1956), Rock and Roll Music (1957) и Johnny B. Goode (1958). Чак Бери пишувал стихови кои се однесуваат на тинејџерскиот живот и потрошуваштвото, а развивал музички стил кој содржи соло на гитара и шоуменство. Бери имал големо влијание врз рок музиката потоа.Campbell, M. (ed.) (2008). Popular Music in America: And the Beat Goes On. 3rd ed. Cengage Learning. pp. 168–169.
Чак Бери е роден во црнечко семејство од средна класа во Сент Луис, и уште од најрана возраст пројавил интерес за музика. Својот прв јавен настап го имал во средното училиште Самнер. Како средношколец бил осуден за вооружен грабеж и бил испратен во поправен дом, каде што бил задржан од 1944 до 1947 година. По ослободувањето, Бери стапил во брак и работел во фабрика за склопување на автомобили. На почетокот од 1953 година Бери започнал да настапува со триото Џони Џонсон. Во мај 1955, го напуштил триото и заминал за Чикаго каде што се сретнал со Мади Вотерс, кој му предложил да стапи во контакт со Леонард Чес, основачот на продукциската куќа Chess Records. Со Chess Records, ја снимил Maybellene - негова адаптација на изворната кантри песна Ida Red; Maybellene била продадена во над милион примероци, и се нашла на прво место на топ листата за ритам и блуз на списанието Билборд.
Веќе кон крајот на пеесетите години, Бери бил музичка ѕвезда, и зад себе имал неколку хитови, филмски настапи и доходовни турнеи. Во Сент Луис основал свој ноќен клуб - Berry's Club Bandstand. Во јануари 1962 година бил осуден на три години затвор за трговија со бело робје - превезол 14-годишно девојче преку државните граници.. По ослободувањето во 1963 година, Бери снимил уште неколку успешни песни, меѓу кои No Particular Place to Go, You Never Can Tell и Nadine. Сепак, овие песни не го повториле успехот ниту го имале влијанието на неговите песни од 1950-тите, а до почетокот на 1970-тите бил претежно баран како изведувач на носталгични песни, и ги свирел своите поранешни песни со локални бендови со различен квалитет. Во 1972 година со песната „Мојот Дингалинг“ (My Ding-a-Ling) се искачил на врвот на топ листите, тоа била единствена негова песна на прво место на топ листите. Во 1979 година бил осуден на четиримесечна затворска казна и општествено корисна работа, поради даночно затајување.
Бери бил во првата група од музичари кои биле поставени во Рокенрол куќата на славните при нејзиното отворање во 1986 година; било наведено дека тој „ја поставил основата не само на рокенрол звукот, туку и на рокенрол ставот“. Бери се наоѓа на неколку листи за „најдобрите на сите времиња“ на списанието Ролинг Стоун; тој беше рангиран на петтото место на листата на 100 најдобри музичари на сите времиња во 2004 и 2011 година. На листата од 500-те песни кои го обликуваа рокенролот од Рокенрол куќата на славните има три песни на Бери: Johnny B. Goode, Maybellene, Rock and Roll Music. Johnny B. Goode е единствена рокенрол песна од Чак Бери која ја има на Златната плоча на Војаџер.
Наводи
Надворешни врски
Чак Бери на Last.fm Текстовите на Чак Бери Archived
Категорија:Американски рок-гитаристи Категорија:Американци обвинети за неплаќање данок Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Родени во 1926 година Категорија:Врски за Wayback од предлошката „Семарх“ Категорија:Статии со hCards Категорија:Американски рок-пејачи Категорија:Американски рок текстописци Категорија:Американски ритам и блуз пејачи Категорија:Американски ритам и блуз гитаристи Категорија:Американски гитаристи Категорија:Американски блуз пејачи Категорија:Американски блуз гитаристи Категорија:Афроамерикански музичари