Болница — археолошко наоѓалиште во градот Прилеп. Претставува населба, некропола и осамен наод од неолитско време, железно време и римско време. На местото на денешната болница, некогашното Учителско училиште, постоела голема тумба – неолитска населба, која е уништена. Во 1925 година биле откриени 4 гроба градени од камени плочи – тип циста, во кои имало керамички садови, дел од копје, меч и фибула од бронза. Во ѕидот на оградата на болницата се вградени мермерни бази украсени со гирланди и букраниони. Наодите не се зачувани.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 308, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Али Чаир — населба од неолитското и римското време; Баба — тврдина и депо на монети од доцноантичкото време; Бакалница — некропола од доцноантичкото време; Болница - Учителско Училиште — населба од неолитското, некропола од железното и осамен наод од римското време; Бончеица — населба и некропола од доцноантичкото време; Долно Садово — населба од неолитското време; Каменица — населба од бакарното време; Караташ — некропола од римското време; Касарни — некропола од железното време; Кладенец — Случајни наоди - монети од римското време; Крклари — некропола од хеленистичкото време; Кукул — населба од римското време; Куршумли-ан — осамени наоди од римското време; Параклис — осамен наод од римското време; Поводеници — Случаен наод од римското време; Силос — некропола од римското време; Тополка - Шилево — некропола од доцноантичкото време; Тражица — фурна од римското време; Прилеп; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско; Список на средновековни некрополи во Македонија.

Наводи

Категорија:Прилеп