Баево Трло — археолошко наоѓалиште во прилепското село Дуње. Претставува некропола од римско време.
Местоположба
Наоѓалиштето се наоѓа на 2 километри јужно од селото, покрај патот што води за рудникот за момирок Белуче.
Опис
На наоѓалиштето бил откриен гроб – циста, со конструкција од камени плочи и со ориентација исток - запад. Веројатно оттука потекнуваат двете надгробни плочи со натписи, едната вградена во ѕидовите, а другата во подот на селската црква, што подоцна биле пренесени во Музејот на Македонија во Скопје.
Поврзано Грамаѓе - Голем Дол — населба од римското време; Дејчин Гроб — населба од доцноантичкото време; Малево Село - Лигураса — населба од римското време; Прчинога — населба од неолитското и доцноантичкото време; Трпчева Црква — населба, црква и некропола од средниот век; Големиот Рид — населба и некропола од античкото време; Милошева Тумба — населба од железното време; Радорид — тумули од железното време; и Шкретови Плочи — населба од античкото време. Дуње; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.
Наводи
Категорија:Дуње