Рождество на пресв. Богородица — црква во битолското село Лопатица, претставник на Македонската преродба. Му припаѓа на Битолското архијерејско намесништво во Преспанско-пелагониската епархија на МПЦ - ОА.
Црквата е гробишен храм, сместен на источниот крај на селото. Изградена е во 1857 година. Претставува голема камена базилика со полукружна апсида на исток. На запад подоцна во продолжение е доградена трпезарија. На југозапад има куловидна камбанарија изградена подоцна.
Храмот е забележителен по западниот ѕид на тремот однадвор, каде околу влезот во наосот има голема композиција (2,94 × 1,72 м), на која е претставен двобој помеѓу Крале Марко и Муса Кесеџија на коњи. Таа е дело на мајстор од Дебарската школа, изработена во 1884 година
За време на Првата светска војна, бугарската војска во цркват погребала загинати војници од VI пешадиски трновски полк.
Поврзано Лисолајска парохија Битолско архијерејско намесништво
Наводи
Надворешни врски
Лопатица Категорија:Дела на Дебарската школа