Света Петка — главна селска црква во мариовското село Бешиште, Македонија.
Местоположба
Црквата е сместена крај задружниот дом и поранешното училиште на сретселото.
Историја
Изградена е во средината на XIX век.
Архитектура
Претставува трикорабна базилика со полукружна апсида на исток, која однадвор е расчленета на седум плитки ниши. Средишниот кораб е полукружно засводен, а страничните имаат рамни дрвени тавани.
Фрескоживопис
Според ктиторскиот натпис, на кој се набројани многу ктитори, црквата е живописана во 1884 година од мијачкиот зограф Аврам Дичов или од зографи од неговата тајфа.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Бешиште
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Храмови посветени на Света Петка во Македонија Категорија:Дела на Дебарската школа