Саљут 7 (руски: Салют-7) — руски филм од 2017 година, во режија на Клим Шипенко. Главните улоги ги играат: Владимир Вдовиченков, Павел Деревјанко, Александар Самојленко.РТС, Саљут 7 (пристапено на 1.1.2022)

Синопсис Филмот е делумно базиран на вистинит настан, една од најважните поправки направени во вселената. Во јуни 1985. година, метеорски дожд ја оштетува советската вселенска станица „Саљут 7“, која почнува да се врти неконтролирано при што постои опасност дека ќе се урне на Земјата. Во екот на студената војна, Советскиот Сојуз испраќа двајца космонаути да ја поправат станицат и така да ги спречат Американците да ја украдат станицата со помош на нивниот Спејс шатл. Двајцата космонаути се соочуваат со бројни проблеми во извршувањето на нивната мисија.

Наводи

Категорија:Руски филмови Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Филмови на Клим Шипенко Категорија:Филмови со Владимир Вдовиченков Категорија:Филмови со Павел Деревјанко Категорија:Филмови со Александар Самојленко Категорија:Филмови на руски јазик