Муштулук или мужде — обичај да се плати за добра вест на оној кој прв ќе ја јави. Муштулук е персиски збор и се користи за време на среќни настани (раѓање на дете, свршувачка, враќање од печалба, итн.). Обичај е човек, гласник, кој ја носи веста и кој се нарекува муштулугџија, да оди од член до член на семејството, односно секој што го интересира радосната вест, а секој посебно плаќа.

Наводи

Категорија:Обичаи Категорија:Турцизми