Хилиер — солено езеро на работ од Мидл Ајленд, најголем остров од Речерче архипелагот во Голдфилдс-Есперанс регионот, во близина на јужниот брег на Западна Австралија. Карактеристично е по својата розова боја. Долг и тенок брег го одвојува Јужниот Океан (по некои дефиниции, Индискиот Океан ) од езерото. мини|Розовото езеро (Езерото Хилиер) на островот Мидл во Западна Австралија

Опис Езерото Хилиер е долго околу 600 метри и околу 250 метри широко. Езерото е опкружено со густа дабова шума и евкалиптус, а од океанот го дели само едно тесно подрачје на песочна дина. Езерото се одликува со дречлива розова боја, а таа се должи на присуството на микроалга, наречена Dunaliella salina.

Историја

Откривање од Европјаните и негово користење Езерото Хилиер било посетено од експедицијата на Метју Флиндерс на 15 јануари 1802 година. Забелешките во дневникот на Флиндерс се сметаат за први пишани записи за езерото. Флиндерс го набљудувал розовото езеро откако се искачил на највисокиот врв на островот (сега наречен Флиндерсов врв), опишувајќи го езерото на следниов начин:Во североисточниот дел имаше мало езеро со розова боја, чија вода, како што ме информираше г-дин Трстл кој го посети, беше презаситена со сол која се кристализираше во близина на брегот во количини доволни да се натовари еден брод. Примерокот што го донесе на бродот имаше добар квалитет и не требаше ништо освен сушење за да може да се употребува.Во 1889 година, Едвард Ендрјус ги истражувал можностите за производство на сол од езерото Хилиер за трговски цели, и накратко со двата сина се преселил на островот. Заминал оттаму по една година.

Кон крајот на 19 век од езерото се ископувала сол. Претпријатието за ископување сол почнало да пропаѓа од повеќе причини, а меѓу нив и „отровноста на солта наменета за потрошувачка“.

Форми на живот мини|Брегот на езерото Хилиер Во езерото Хилиер живеат само микроорганизми, во кои спаѓа и Dunaliella salina - црвените алги кои му ја даваат бојата на езерото, како и црвените халофилни бактерии - бактериоруберин, кои ги има во кората на солта. И покрај необичната нијанса, езерото нема познати негативни ефекти врз луѓето. Одозгора, езерото изгледа како еднобојна розова гума за џвакање, но од брегот јасно се разликуваат повеќе розови нијанси. На крајбрежјето има наслаги од солена кора. Во 2016 година, научниците од проектот Extreme Microbiome спроведоа екстензивно секвенционирање на микробиомот и метагеномската ДНК и откриле Haloquadratum, Haloferax, Salinibacter, Halobacterium, Halogeometricum и неколку други халофилни организми. Исто така се открило и ниска концентрација на Psychroflexus.

Безбедност и пристапност И покрај високото ниво на сол (споредливо со Мртвото Море), езерото Хилиер е безбедно за пливање. Сепак, тоа не се препорачува, а не е ни дозволено без претходно одобрение од Одделот за заштита на животната средина на Западна Австралија.

Статус на заштитена област Од 2012 година, езерото Хилиер било вклучено во границите на Природниот резерват Архипелаг Речерче. Од 2002 година, езерото се смета за блато од „субрегионално значење“.

Поврзано Список на езера во Западна Австралија Езерото Ретба

Наводи

Надворешни врски Веб-страница на езерото Хилиер

Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Езера во Австралија Категорија:Езера во Западна Австралија Категорија:Солени езера во Австралија