Градиште — археолошко наоѓалиште во атарот на селото Крајници, Македонија. Претставува градиште од доцноантичкото време. На 3 км североисточно од селото, на висок рид со зарамнето плато, на површина од околу половина хектар, се среќаваат фрагменти од керамички садови и многу градежен материјал. Видливи се и остатоци од ѕидови од утврдувањето, ѕидани од камен и варов малтер.
Поврзано Манастирче — некрополоа од римското време; Мрамор — населба од доцноантичкото време; Припор — населба од средниот век; Сувак — некропола од римското време; Крајници; и Список на археолошки наоѓалишта во Велешко.
Наводи
Категорија:Крајници (село)