Градиште — археолошко наоѓалиште во кривопаланечкото село Опила. Претставува градиште од доцноантичко време. Прогласено е за културно наследство на Македонија.
Опис Се наоѓа на десниот брег на Крива Река, на висок рид што доминира над околината, со правец на протегање север-југ и димензии од околу 100 х 40 м. На северната страна се гледа вештачки направен ров, додека другите три страни се многу стрмни. Карактеристично за ридот, а со тоа и за самото наоѓалиште, е тоа што има структура од мека карпа во која се исклепани повеќе простории, скали, ниши и сл. Во подножјето на западната страна има остатоци од цистерна. Од утврдувањето потекнуваат повеќе монети од III и IV век кои се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, фрагменти од стакло, бронза, железо и друг археолошки материјал. Во контекстот на градиштето треба да се имаат предвид и наоѓалиштата Чифлик, некропола од доцноантичкото време, и Чифличиште, населба од истото време, кои се наоѓаат во непосредната околина. Се претпоставува дека Градиште бил значаен населбински и фортификациски пункт што се наоѓал на комуникациите Стоби-Пауталија и Скупи-Пауталија.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. стр. 198, Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Градеж — населба од доцноантичкото време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Мал Трг — градиште од доцноантичкото време; Пашина Падина — населба од доцноантичкото време; Селиште — населба од доцноантичкото време; Чифлаџиште — населба од доцноантичкото време; Опила; Список на археолошки наоѓалишта во Кривопаланечко; Список на средновековни некрополи во Македонија.
Наводи