65P/Ган е периодична комета во Сончевиот Систем која има тековен орбитален период од 6,79 години.

Откриена е на 11 октомври 1970 година од професорот Џејмс Е. Ган од Универзитет Принстон користејќи го телескопот Шмит од 122 см во Опсерваторијата Паломар. Имала ниска осветленост со магнитуда 16 плус што се подобрува на 12 под поволни услови.

Таа е комета со краток период, која кружи околу Сонцето на секои 6,79 години во главниот појас на астероиди помеѓу орбитите на планетите Марс и Јупитер.

На 4 февруари 1970 година кометата поминала покрај Церера.

Во 1972 година Елизабет Ромер успеала да ја набљудува '65P/Ган блиску до афел.

Поврзано Список на нумерирани комети

Наводи

Надворешни врски Orbital simulation from JPL (Java) / Horizons Ephemeris 65P at Kronk's Cometography 65P/Gunn – Seiichi Yoshida @ aerith.net 65P at Las Cumbres Observatory (26 Jun 2010 11:16, 150 seconds)

Категорија:Периодични комети Категорија:Комети во 2017 година 19701011 година