Пер Магнус Ерлингмарк (8 јули 1968) бил поранешен шведски фудбалер кој играл на позициите дефанзивец, играч од средниот ред и напаѓач, односно на речиси сите позиции. Бил сестран играч, а најмногу бил запомнат по неговото време поминато во тимот на ИФК Гетеборг каде освоил четири титули во Алсвенскан, првата шведска лига. Интернационалец бил помеѓу 1990 и 1998 година, кога одиграл 37 натпревари за репрезентацијата на Шведска и тоа на УЕФА ЕВРО 1992 и на Светското првенство на ФИФА во 1994 година ,каде Шведска завршила на третото место и го освоила бронзениот медал во директен дуел со екипата на Бугарија.
Клупска кариера
Почетна кариера Ерлингмарк ја започнал својата кариера со тимот БК Форвард пред да потпише со тимот од Алсвенскан Еребру во 1989 година. Откако одиграл повеќе од 100 натпревари за тимот на Еребру, тој потпишал со екипата на ИФК Гетеборг пред почетокот на сезоната на Алсвенскан лигата во 1993 година.
ИФК Гетеборг Ерлингмарк му помогнал на ИФК Гетеборг да освои четири последователни титули во Алсвенскан лигата помеѓу 1993 и 1996 година Неговиот најнезаборавен период со клубот дошол за време на сезоната 1994-1995 на УЕФА Лигата на шампионите, каде што му помогнал на Гетеборг да ја освои групната фаза пред ФК Барселона, Манчестер Јунајтед и Галатасарај постигнувајќи четири гола. Тој одиграл вкупно 471 натпревар за клубот од 1993 година до неговото пензионирање во 2004 година.
БК Хакен Ерлингмарк кој веќе бил пензиониран решил повторно да се врати на фудбалските терени, да влезе во Алсвенскан лигата и во 2005 година потпишал за екипата на БК Хекен. Целата сезона бил резервен играч и не заиграл на ниту еден натпревар.
Меѓународна кариера
Младинска кариера Ерлингмарк ја претставувал репрезентацијата на Шведска до 21 година на Европското првенство за играчи до 21 година на УЕФА 1990 година, каде што Шведска стигнала до полуфиналето каде била елиминирана од тогашниот Советски Сојуз. За шведскиот тим до 21 година настапил вкупно 10 пати и постигнал еден гол.
Сениорска кариера Ерлингмарк својот прв натпревар за репрезентацијата на Шведска го одиграл во пријателскиот натпревар против Обединетите Арапски Емирати кој завршил со пораз од 1:2. На 17 април 1992 година, тој го постигнал својот прв репрезентативен гол за тимот на Шведска во пријателскиот натпревар против екипата на Грција 2-2.
Бил играч на репрезентацијата на УЕФА ЕВРО 1992 година на кое Шведска стигнала до полуфиналето и го имал својот единствен настап на турнирот како замена за Андерс Лимпар во победата од 1-0 во групната фаза против подоцнежниот шампион на УЕФА ЕВРО 1992 година репрезентацијата на Данска. Две години подоцна, Ерлингмарк ја претставувал Шведска на Светското првенство во фудбал во 1994 година, на кое Шведска на крајот завршила на третото место. Тој го забележал својот единствен настап на турнирот влегувајќи како замена за Јоаким Бјорклунд. Тоа се случило на натпреварот од групната фаза кога Шведска победила со резултат од 3:1 против репрезентацијата на Русија.
Ерлингмарк го одиграл својот последен меѓународен натпревар за тимот на Шведска на 14 октомври 1998 година, влегувајќи како замена во квалификацискиот натпревар за УЕФА ЕВРО 2000 против тимот на Бугарија, кој Шведска го добила со резултат од 1:0. Одиграл вкупно 37 натпревари за својата земја во периодот од 1990 до 1998 година, притоа постигнувајќи еден гол.
Приватен живот Ерлингмарк е татко на професионалниот фудбалер Август Ерлингмарк.
Статистика на кариерата
Клупска статистика +Преглед на одиграни натпревари и постигнати голови на играчот во најразлични клубовиКлубСезонаЛига, одиграни натпревари и постигнати головиСвенска купДруги*ВкупноЛигаНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиНастапиГоловиБК Форвард1985Дивизија 3 Вестра Свеланд30301986Дивизија 3 Вестра Свеланд1841841987Дивизија 1 Нора2622621988Дивизија 1 Нора244244Вкупно71107110Еребро СК1989Алсвенскан Прва Шведска лига2222221990Алсвенскан 2222221991Алсвенскан 2742741992Алсвенскан313313Вкупно1021110211ИФК Гетеборг1993Алсвенскан 199330022121994Алсвенскан 259108434131995Алсвенскан 265654036101996Алсвенскан226727236101997Алсвенскан24033703431998Алсвенскан23241403131999Алсвенскан26181604022000Алсвенскан20151002522001Алсвенскан24330002732002Алсвенскан25230403222003Алсвенскан25230002822004Алсвенскан1923020242Време27842491642636964БК Хекен2005Алсвенскан0000–00Вкупно во кариера45163491642654285 * Настап(и) во Лигата на шампионите на УЕФА, Купот на УЕФА, квалификациите за Алсвенскан и Свенска Мастер куп серија.
Меѓународна статистика +Настапи и голови во репрезентација по година Репрезентација Година Настапи Голови Шведска 1990 година 5 0 1991 година 8 1 1992 година 6 0 1994 година 7 0 1995 година 5 0 1996 година 3 0 1998 година 3 0 Вкупно 37 1
Резултати 1 го покажува бројот на голови на репрезентацијата на Шведска, а резултати 2 го покажува секој гол постигнат од страна на Ерлингмарк .
+Список на меѓународни голови постигнати од Магнус Ерлингмарк Број Дата Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар Наводи 1 17 април 1991 година Стадион Неас Филаделфиас, Атина, Грција 1–1 2–2 Пријателски
Наводи
Категорија:Фудбалски дефанзивци Категорија:Луѓе од Јеншепинг Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1994 Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1968 година