Француски воени гробишта во Скопје – воени гробишта од Првата светска војна во кои почиваат повеќе од 2.930 војници на Француската армија убиени на Македонскиот фронт. Од овие војници само на 930 им е познато името.
Местоположба Француските воени гробишта се наоѓаат во близина на Амбасадата на САД, над Спортско-рекреативниот центар Кале.
Концепт Гробиштата се наоѓаат на кос терен. Истите организирани во четири надолжни парцели, разделени и обиколени со пешачки патеки, кои симетрално го делат просторот.
Низ централно поставена порта, преку скалишна алеја со дрворед се пристигнува кон одбележјето, додека двете странични патеки водат кон истотипските гробници.
Просторот хортикултурно е уреден со тревници, ружи покрај секој гроб, и алеи со лаванда. Патеките се чисти и уредени, со поставени клупи во современ стилски облик. Централно се простира дрворед од зимзелени насади кои се единствени високостеблести растенија во просторот.
Галерија
Поврзано Француски воени гробишта (Битола)
Наводи
Надворешни врски Француски воени гробишта во Скопје
Категорија:Воени гробишта од Првата светска војна во Македонија Категорија:Гробишта во Скопје