Милан Костадинов Ристески (7 декември 1925 во Мраморец, Охридско — 28 октомври 1944 во Струга) ― македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис Милан Костадинов Ристески бил роден во селото Мраморец. Се занимавал со земјоделие. Тој станал младински активист во 1943 година, а потоа доброволно пристапил во НОВ на 5 август 1944 година. Како борец на Шестата македонска бригада, загинал во борбите за ослободување на Струга, на 28 октомври 1944 година.

Наводи

Категорија:Родени во 1925 година Категорија:Починати во 1944 година Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Луѓе од Мраморец Категорија:Починати во Струга