Свети Никола — главна селска црква во тиквешкото село Мрзен Ораовец, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа пред самото село, сместена од десната страна на патот кој води до Мрзен Ораовец.
Историја
Црквата е изградена и живописана во 1694 година, според зачуваниот натпис над влезот од внатрешната страна.
Викторија Поповска-Коробар дава ново толкување на ктиторскиот натпис и по подлабока анализа на иконографската програма заклучува дека храмот датира од 1584 година.
Архитектура
Претставува мала еднокорабна градба, градена од камен и варов малтер. На источната страна има петстрана олтарна апсида од надворешната страна. Одвнатре црквата е засводена со полукружен свод. Во олтарниот простор е олтарната конха, а северно и јужно од неа има две мали ниши — проскомидија и ѓаконик.
Фрескоживопис
Зографските работи се завршени исто така во 1694 година, како што е наведено на натписот. Авторите на фреските се непознати.
Живописот се одликува со изразен графизам и студени бои.
Икони и иконостас
Иконостасот и иконите на него, како и царските двери се од XIX век.
Галерија
Надворешноста на храмот
Внатрешноста на храмот (состојба 2023 г.)
Внатрешноста на храмот (состојба пред 2014 г.)
Поврзано Кавадаречко архијерејско намесништво Росоманска парохија Мрзен Ораовец
Наводи
Надворешни врски
Мрзен Ораовец Категорија:Дела на Дебарската школа