Успение на Пресвета Богородица – главна селска црква во селото Паралово.
Местоположба Црквата се наоѓа на неколку стотина метри источно од селото, на возвишение коишто ѝ дава доминантна положба во однос на остатокот на селото.
Историја Црквата била изградена во 1860 година.„Паралово “. Мој Роден Крај.
Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Главниот влез се наоѓа на западната страна и над него има ниша со фреска во лоша состојба на којашто е претставена Богородица со Исус, а храмот има и спореден влез на јужната страна над којшто има ниша со фреска којашто целосно е оштетена и не е забележително што е прикажано на неа. Објектот е граден од варовник и е покриен со кров од ќерамиди.
Во дворот на црквата се наоѓаат селските гробишта и разрушен помошен објект.
Галерија
Поврзано Параловски манастир Црква „Св. Ѓорѓи“ - Паралово Паралово Преспанско-пелагониска епархија Битолско архијерејско намесништво Новачка парохија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Паралово Паралово