Основно училиште „Славко Лумбарковски“ (официјално: Подрачно основно училиште „Славко Лумбарковски“ - Добромири; скратено: ПОУ „Славко Лумбарковски“) — подрачно основно училиште во селото Добромири, составен дел на истоименото училиште во селото Новаци, Општина Новаци.
Училиштето е именувано по македонскиот народен борец Славко Лумбарковски.
Местоположба
Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото.
Објект
Објектот на училиштето бил изграден во 1947 година и зафаќа површина од 114 м2.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 8.
Настава
Во училиштето се изведува настава од прво до петто одделение и наставата се изведува единствено на македонски наставен јазик.„Годишна програма за работа на ООУ „Славко Лумбарковски“ - Новаци за учебната 2021/2022 година“. стр. 7. Наставата се изведува во една смена.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Новаци Добромири Категорија:Добромири