Маковска Река ​— река во јужниот дел на Македонија, во областа Мариово и десна притока на Црна Река.

Течение Реката извира на Селечка Планина и е образувана од повеќе помали водотеци. Таа тече во правец запад-исток и по своето течение поминува низ селата Маково и Рапеш пред вливот во Црна Река во Скочивирската Клисура на надморска височина од 440 м. Нејзина најпозната притока е Кабига Поток, која ја прима од десната страна непосредно по селото Рапеш.

Хидрографија Вкупната должина на реката изнесува 7,74 км.„Маковска Река“. Geoview.

Галерија

Поврзано Црна Река

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Слив на Црна Река Категорија:Маково Категорија:Рапеш Категорија:Мариово Категорија:Географија на Битола