Луиз Лулу Мушама Картер Арфведсон, позната како Лулу Картер, (родена Ен Луиз Арфведсон, 5 април 1961 година) е шведска авторка и презентерка на телевизиското шоу за подобрување на домот Конечно дома, емитувано на ТВ4. Картер, исто така, учествувала во туристичкото шоу Блиску и далеку на истиот канал. Во 2008 година, Картер била натпреварувачка во Ѕвезди на ТВ4, но таа била елиминирана во втората епизода. Таа се натпреварувала и во емисијата Вајпаут на Канал5. И нуркачкото шоу за славни личности Скок на славните на ТВ3. Таа води своја сопствена компанија за украсување Лулу Картер Инрединг Дизајн.

Лулу Картер била родена во Венерсборг и била најмладата од четирите браќа и сестри, а на тригодишна возраст таа и нејзиното семејство се преселиле во Галиваре, каде Лулу посетувала лапонско приватно училиште. Таа била едно од двете деца кои не се Лапонци во училиштето. Во својата книга Сензуални соби го опишува нејзиното детство во Галиваре како скапоцен подарок, период од нејзиниот живот и дал многу инспирација како декоратер.

По неколку години во Галиваре, нејзиното семејство се преселило во Даларна, таму живееле во куќа што и припаѓала на Ема Цорн, сопругата на уметникот Андерс Цорн. На шеснаесетгодишна возраст Картер се преселила во Стокхолм за да биде практикантка во весникот Дамернас Варлд.

Кога Картер имала 23 години го запознала својот прв сопруг Питер Лениг кој е доктор. Нивната врска траела десет години и парот има две деца. Во 2000 година се омажила за Австралиецот Дарен Картер кој е модел. Во октомври 2007 година, таа се омажила за Рајнер Болм во шведската амбасада во Маракеш. Двојката се разделила во 2010 година.

Картер привлекла внимание во 2017 година кога го обвинила нејзиниот колега од Конечно дома Мартин Тајмел за сексуална злоупотреба. Поради овие обвинувања и оние на други жени Тајмел бил отпуштен од работа како водител на шоуто. И Конечно дома била привремено откажана.

Библиографија

Sinnliga rum: konsten att inreda med hjärtat (2013)

Наводи

Категорија:Статии со hCards Категорија:Родени во 1961 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски водителки Категорија:Шведски водители