мини|Симон Аспелин Симон Аспелин (11 мај 1974) е поранешен професионален тенисер во игра на парови од Шведска. Тој станал професионалец во 1998 година. Неговиот успех главно бил во игра на двојки, освојувајќи 12 титули и стигнувајќи до светскиот број 7 во март 2008 година. Во категорија на машки двојки, Аспелин го освоил Отвореното првенство на САД во 2007 година и сребрениот медал на Летните олимписки игри 2008 година.мини|Сајмон Аспелин на УС Опен 2010 година Незаборавен дел од кариерата на Аспелин бил кога тој и партнерот во двојки Тод Пери играле во четвртфиналето за мажи на првенството Вимблдон во 2006 година како осми носители во двојки против третите носители на тој турнир Марк Ноулс и Даниел Нестор. Ноулс и Нестор го добиле тој натпревар и резултатот во последниот сет бил 23 : 21.
На Отвореното првенство на САД во 2007 година, кога Аспелин со својот партнер Џулијан Ноул биле десетти носители, го постигнал најголемиот успех во својата кариера со освојувањето на УС Опен. Тоа бил неговиот прв Грен слем во кариерата. Во првите две кола победиле против Кубот/Скоч, а против Калери/Хорна буквално се прошетале низ натпреварот. Во третото коло продолжиле со добра игра и ги збришале осмите носители Џонатан Ерлих и Енди Рам. Во четвртфиналето, тие ги шокирале првите носители Боб и Мајк Брајан, откако претходно само неколку седмици имале загубено од нив. Во полуфиналето, тие се спротивставиле на нерангираните Жулиен Бенето и Николас Махут. Во финалето Аспелин и неговиот партнер ги победиле деветите носители, Павел Визнер и Лукаш Длоухи.Аспелин претходно никогаш не стигнал до полуфинале на еден Грен слем. Оваа победа ги ставила на позицијата бр. 5 во АТП листата за играчи во двојка во машка конкуренција, а исто со овој резултат Аспелин се искачил на 13то место на АТП листата во поединечна конкуренција. Неговиот рекорд во Дејвис купот во март 2009 година бил 3–5 (победи и одиграни) во двојки. Друг забележителен настап во 2007 година му бил финалето во Шангај против Ноулс/Нестор на тенискиот Мастерс куп кое го играл во пар со Џулијан Ноул. На Летните олимписки игри 2008 година, тој и неговиот колега Швеѓанецот Томас Јохансон ги победиле француската двојка Михаел Лодра и Арно Клемент со 7–6, 4–6, 19–17 во полуфиналето од турнирот. Натпреварот траел 4 часа и 46 минути. На крајот тие го освоиле сребрениот медал губејќи во финалниот натпревар.
Пред неговата професионална кариера, Аспелин се натпреварувал вкупно четири сезони на Универзитетот Пепердајн, во Малибу, Калифорнија. Еден е од само двајцата тенисери што заработиле сеамерикански статус во сите четири сезони на натпревари и бил примен во Куќата на славните Пепердајн во есента 2010 година.
Во мај 2011 година, тој бил примен во Куќата на славните ИТА (интернационална тенисерска асоцијација).
Во јули 2011 година, Аспелин објавил дека се повлекува од професионалниот тенис. Тој го одиграл својот последен турнир во Бастад, каде стигнал до финалето, но не успеал да ја освои својата тринаесетта АТП титула.
Грен слем финалиња
Двојки (парови) (1 титула) Резултат година првенство Површина Пертнер Противниците Резултат Победи 2007 година УС Опен Тврда Џулијан Ноул Лукаш Длоухи Павел Визнер 7–5, 6–4
Олимпијада
Двојки (парови): 1 (1 сребро) Резултат година првенство Површина Пертнер Противниците Резултат Сребрена 2008 година Олимпијадата во Пекинг ТешкоТомас Јохансон Роџер Федерер Стен Вавринка 3–6, 4–6, 7–6 (7–4), 3–6
Финалиња во кариерата
Двојки (парови), (12 победи, 21 пораз) Легенда Грен слем (1) Мастерс куп во тенис (0) Мастерс серија на АТП (0) Златна меѓународна серија на АТП (3) АТП турнири(8) Наслови по површина Тврда (5) Земја (5) Трева (1) Тепих - синтелон (1) РезултатиБрој.ДатаТурнирПовршинаПартнерПротивницитеРезултатПобеда1.февруари 2000МарсејТврда Јохан Ландсберг Хуан Игнасио Караско Хаиро Веласко Јуниор 7–6(7–2), 6–4Пораз1.јули 2001БастадЗемја Андреј Кратзман Карстен Брах Јенс Книпшилд6–7(3–7), 6–4, 6–7(5–7)Пораз2.јули 2001КитцбухелЗемја Андреј Кратзман Алекс Коретја Луис Лобо3–6, 6–4, 3–6Пораз3.февруари 2002Буенос АиресЗемја Андреј Кратзман Гастон Етлис Мартин Родригес6–3, 3–6, [4–10]Пораз4.април 2002ЕсторилЗемја Андреј Кратзман Карстен Брах Андреј Олховски3–6, 3–6Победа2.мај 2003Сент ПелтенЗемја Масимо Бертолини Саргис Сарксиан Ненад Зимоњиќ6–4, 6–7(8–10), 6–3Победа3.јули 2003БастадЗемја Масимо Бертолини Лукас Арнолд Маријано Худ6–7(3–7), 6–0, 6–4Пораз5.Sep 2003БукурештЗемја Џеф Котзи Карстен Брах Саргис Саргсиан6–7(7–9), 2–6Пораз6.јули 2004БастадЗемја Тод Пери Махеш Бупати Јонас Бјоркман6–4, 6–7(2–7), 6–7(6–8)Пораз7.јули 2004ШтутгартЗемја Тод Пери Јири Новак Радек Штепанек2–6, 4–6Пораз8.јануари 2005АделаидаТврда Тод Пери Хавиер Малисе Оливиер Рохус6–7(5–7), 4–6Пораз9.јануари 2005ОуклендТврда Тод Пери Ивес Алегро Михаел Колман4–6, 6–7(4–7)Победа4.јануари 2005Делреј БичТврда Тод Пери Џордан Кер Џим Томас6–3, 6–3Победа5.февруари 2005МемфисТврда (i) Тод Пери Боб Брајан Мајк Брајан6–4, 6–4Пораз10.јуни 2005НотингемТрева Тод Пери Џонатан Ерлих Енди Рам6–4, 3–6, 5–7Пораз11.јули 2005ИндианаполисТврда Тод Пери Пол Хенли Грејдон Оливер2–6, 1–3 ret.Пораз12.октомври 2005ТокиоHard Тод Пери Сатоши Ивабучи Такао Сузуки4–5(3–7), 4–5(13–15)Пораз13.јануари 2006ОуклендТврда Тод Пери Андреј Павел Рожер Васен2–6, 7–5, [4–10]Победа6.октомври 2006Санкт ПетербургТепих - синтелон Тод Пери Џулиан Кноул Јиржи Мелцер6–1, 7–6(7–3)Пораз14.јануари 2007ОуклендТврда Крис Хагард Џеф Котзи Роџер Васен7–6(11–9), 3–6, [2–10]Победа7.мај 2007ПортшашЗемја Џулиан Кноул Леош Фридл Дејвид Шкоч7–6(8–6), 5–7, [10–5]Победа8.јуни 2007ХалеТрева Џулиан Кноул Фабрис Санторо Ненад Зимоњиќ6–4, 7–6(7–5)Победа9.јули 2007БастадЗемја Џулиан Кноул Мартин Гарсија Себастијан Прието6–2, 6–4Победа10.септември 2007УС ОпенТврда Џулиан Кноул Лукаш Длухи Павел Визнер7–5, 6–4Пораз15.ноември 2007Тенис мастер куп ШангајТврда (i) Џулиан Кноул Марк Кнолс Даниел Нестор2–6, 3–6Пораз16.август 2008Летни олиписки игри ПекингТврда Томас Јохансон Роџер Федерер Станислас ВавринкаПораз17.април 2009КазабланкаЗемја Пол Хенли Лукаш Кубот Оливер Марач6–7(4–7), 6–3, [6–10]Пораз18.мај 2009МадридЗемја Весли Муди Даниел Нестор Ненад Зимоњиќ4–6, 4–6Пбеда11.јули 2009ХамбургЗемја Пол Хенли Марчело Мело Филип Полашек6–3, 6–3Пораз19.октомври 2009СтокхолмТврда(i) Пол Хенли Бруно Суарес Кевин Улиет4–6, 6–7(4–7)Пораз20.февруари 2010РотердамТврда (i) Пол Хенли Даниел Нестор Ненад Зимоњиќ4–6, 6–4, [7–10]Победа12.февруари 2010ДубаиТврда Пол Хенли Лукаш Длухи Леандер Паес6–2, 6–3Пораз21.јули 2011БастадЗемја Андреас Силјестром Роберт Линштед Хориа Текау3–6, 3–6
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Олимписки сребрени медалисти за Шведска Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1974 година Категорија:Шведски тенисери