Јохан Алвен (роден на 13 јануари 1972 година во Ландскрона, Шведска) е поранешен професионален тенисер од Шведска.
Тениска кариера
Јуниори (младинци) Алвен се натпреварувал на пет Грен слем турнири како јуниор. Тој, исто така, ја претставувал својата земја на Светскиот младински куп НЕЦ во 1988 година.
Професионални турнири Во тениското коло за Гран При, Алвен го имал својот прв настап на главнато извлекување во поединечна конкуренција на професионалното првенство на САД во 1988 година. Учеството го обезбедил со таканаречена вајлд карта (слободен пристап). Тој загубил од сонародникот Магнус Ларсон во првото коло.
Од 1989 до 1996 година, Алвен во неколку наврати се обидел да влезе на главнато извлекување во поединечна конкуренција на Грен слемови и АТП турнири. Сепак, тој не успеал во намерата и тоа во повеќе наврати: двапати на Австралија Опен, трипати на Отвореното првенство во Стокхолм (Шведска) и четири пати на Шведскиот опен куп.
Тренерска кариера По пензионирањето, тој работел како тениски инструктор (тренер) во неговата родна Шведска, а исто така и во Норвешка и Кувајт.
Алвен бил тренер на професионалниот тенисер Јоаким Јохансон.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1972 година Категорија:Шведски тенисери