Свети Никола — главна селска црква во кумановското село К’шање, Македонија.

Црквата се наоѓа во лоша состојба и истата е скоро целосно обрасната од вегетацијата.

Местоположба

Црквата се наоѓа во месноста Селиште, каде претходно таму се наоѓало црквиште. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта.

Најблиско маало на црквата е Вучковци.

Историја

Црквата е гробишен храм, изграден во 1884 година, иако во книгата „Кумановска област“ на Јован Трифуноски е наведено дека била подигната околу 1900 година.

Архитектура

Има камени релјефни украси.

Фрескоживопис

Насликата е од истакнатиот мајстор Димитар Андонов Папрадишки и Петар Николов од Велес. Во книгата „Кумановска област“ на Јован Трифуноски е наведено дека на живописот работеле Васил и Мијалко „од Тетово“.

Иконостас

Има позлатени резбани царски двери.

Галерија

Поврзано Кумановско-осоговска епархија Кумановско-кратовско архијерејско намесништво Клечовска парохија

Наводи

Надворешни врски

К’шање