Егерија (ознака за мала планета: 13 Егерија) е голем астероид од типот Г од главниот појас. Откриена е од Анибале де Гаспарис на 2 ноември 1850 година. Егерија била именувана од Урбеин Леверје, чии пресметки довеле до откривање на Нептун, по митолошката нимфа Егерија од Ариција, Италија, сопругата на Нума Помпилиус, вториот крал на Рим. лево|мини|200x200пкс| OCCULT4 визуализација на 13 Егерија за прикривање од 22 јануари 2008 година Егерија прикрила ѕвезда на 8 јануари 1992 година. Утврдено е дека неговиот диск е прилично кружен (217×196 км). На 22 јануари 2008 година, прикрила друга ѕвезда, а ова прикривање било измерено од неколку набљудувачи во Ново Мексико и Аризона, координирани од Програмата за прикривање на астероиди IOTA.Timerson, Brad. Резултатот покажал дека Егерија има приближно кружен профил на Земјата од 214,8×192 км, што се поклопува со прикривањето од 1992 година. Исто така била проучувана од радар.
Во 1988 година било извршено пребарување за сателити или прашина што кружи околу овој астероид со помош на телескопот UH88 во опсерваторијата Мауна Кеја, но напорите не влодиле со плод. Спектралната анализа на Егерија покажала дека има невообичаено висока содржина на вода, 10,5–11,5% вода во однос на масата.http://www.lpi.usra.edu/meetings/lpsc2002/pdf/1414.pdf Ова ја прави Егерија истакнат кандидат за идни потфати за ископување вода. мини|Тридимензионален модел на 13 Егерија врз основа на нејзината светлинска крива
Поврзано Поранешна класификација на планети
Белешки
Наводи
Надворешни врски
(го прикажува Елонг од Сонце и V маг за 2011 година)
Категорија:Астрономски тела откриени во 1850 година Категорија:Астероиди од типот G Категорија:Астероиди од типот Ch Категорија:Астероиди наречени по ликови од римската митологија Категорија:Тела забележани со ѕвездено прикривање