Петрово Брдо — населба од доцноантичкото време. На 2 километри јужно од селото, на пространо плато се среќаваат многу парчиња од покривни ќерамиди. Според некои податоци, биле најдени водоводни цевки, голем питос и монети од Домицијан.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Ан — населба од доцноантичкото време; Градиште — градиште од доцноантичкото време; Долно Грамаѓе — населба од римското време и старохристијанска црква; Дунковец — могила од римското време; Плашица — населба и викус од доцноантичкото време; Терзиевец — населба од доцноантичкото време; Црквиште I — старохристијанска црква; Црквиште II — старохристијанска црква; Чука — градиште од доцноантичкото време; и Џами Тепе — средновековна црква.

Наводи

Категорија:Русиново