мини|300x300пкс| Бронзен штит, 1200–700 п.н.е мини|300x300пкс| Секири од бронзено време мини| Мечеви пронајдени во Шкотска Бронзеното време во Британија претставува период на британската историја кој се протега од 2500 до 800 п.н.е.Adkins, Adkins and Leitch 2008. p. 64. Со времетраење од околу 1700 години, настапува по ерата на неолитот, а претходи на железното време. Категоризирано како бронзено доба, било обележано со употреба на бакар, а потоа и бронза од страна на праисториските Британци, кои ги користеле овие метали за изработка на алатки. Во бронзеното време на тлото на Британија се забележа и широко усвојување на земјоделството.

За време на британското бронзено доба, големите мегалитски споменици слични на оние од доцниот неолит продолжиле да се градат или модифицираат.

Историја

Рано бронзено време (РБВ), 2500–1500 п.н.е Не постои јасен консензус за датумот за почетокот на бронзеното доба во Велика Британија и Ирска. Некои извори даваат датум дури до 2000 п.н.е.,Bradley, Prehistory of Britain and Ireland, p. 183. додека други ја поставуваат 2200 п.н.е. како разграничување помеѓу неолитот и бронзеното доба.Pollard, "Construction of Prehistoric Britain", in Pollard (ed.), Prehistoric Britain, p. 9.

Средно бронзено време (СБА), 1500–1000 п.н.е

1500–1300 п.н.е.: Фаза Актон Парк: палстави, вдлабнати врвови на копја; бакар+калај, исто така олово. 1300–1200 п.н.е.: Период Најтон Хит; „свирачи“. 1200–1000 п.н.е.: Ран Урнфилд; Фаза Вилбуртон-Волингтон.

Доцно бронзено време (ДБВ), 1000–700 п.н.е

1000–900 п.н.е.: Доцно време на Урнфилд: секири со вдлабнатини, палстави (исто така олово). 800–700 п.н.е.: Фаза на Еварт Парк, Фаза на Ллин Фор: мечеви во облик на лист.

Во Ирска, последната фаза на Доврис од доцното бронзено време се чини дека опаѓа околу 600 година п.н.е. но металургијата на железо не се појавува сè до околу 550 година п.н.е.

Развој

Културата во Британија во бронзеното време лево|мини|200x200пкс| Обемот на Бикер културата Околу 2000 година п.н.е., во Велика Британија пристигнува нов стил на керамика, т.н. Бикер култура.

Движењето на луѓе од континентална Европа носи нови луѓе на Британските Острови. Неодамнешно истражување на изотоп на забната глеѓ на телата пронајдени во гробовите од раното бронзено време околу Стоунхенџ укакажува на тоа дека барем некои од новите пристигнувања дошле од областа на модерна Швајцарија. Бикер културата се одликува со значително различни обреди од неолитските луѓе кои ја населувале Европа претходно. Се смета дека интеграцијата била мирна, бидејќи многу од раните обредни локалитети биле навидум усвоени од новодојденците.

Дополнително, се започнува со фундаментално поинаков пристап кон погребувањето на мртвите членови на заедницата. За разлика од неолитската практика на заеднички погребувања, општеството од бронзеното време претрпува очигледна промена кон фокусирање на поединецот наместо на колективот .Сепак, иако обичаите се сменети, гробните могили продолжуваат да се користат во текот на бронзеното доба, со тоа што помалите гробници често се вкопани во примарните могили.

Студија од 2017 година покажала значајна генетска промена во Британија на преминот од доцниот неолит кон раното бронзено време, со речиси комплетна замена на британскиот неолитски генски базен со доаѓањето на народ генетски сличен на народот Бикер од регионот Долна Рајна (модерна Холандија/централно-западна Германија).

Поврзано Бронзено време

Наводи

Бронзено време Категорија:Бронзено време